Возачите комплетираа два тест дена на новите 2019 смеши на Пирели, означени како број еден, два, три, четири и пет и сегашните 2018 смеши за референца.
Би било лудо да прогнозираме нешто од овие тест времињата, со нагласок на тест, но фактот што Чарлс Леклерк беше побрз од Себастијан Ветел за Ферари, некако ни се чини дека ќе се покаже како значајна најава на следната сезона.
Се разбира, немаме поим за тоа колку гориво имаа во резервоарот, ниту пак за тоа кои се разликите помеѓу 2019 смешата на Пирели со број 5, која треба да е еквивалент на 2018 хипер-меката смеша.
Сепак, по она што го покажа Леклерк во неговата дебитантска Ф1 сезона, тој нема да се воздржува да нападне и максимално го искористи договорот со Ферари, кој е негова животна прилика.
Сигурни сме дека многуте грешки кои ги направи Ветел оваа сезона е последица на тоа што тој имаше прилично комфорен престој во тимот од Маранело со Кими Раиконен како негов тимски колега, каде Финец одигра совршена улога на број два возач. Сега, покрај себе Германецот ќе има млад возач кој сака да импресионира, докажувајќи се уште во првиот свој настап за црвениот тим.
Карлос Саинц Јр. го започна своето ново поглавје во Формула 1 Шампионатот со позитивно искуство во болидот на Мекларен, комплетирајќи 150 круга и забележувајќи го петтото најбрзо време на вториот тест ден.
Тој имаше шанса да се запознае и прилагоди на контролите и поставките на болидот, како и запознавање со релевантните процеси и постапки кои би му овозможиле да се чувствува удобно зад воланот на новиот болид.
Нешто што беше задача и на останатите дебитанти во своите нови болиди, како неговиот тимски колега Ландо Норис, дебитантот во Вилијамс Џорџ Расел, кој исто како Леклерк, веднаш се виде дека е големо засилување на тимот.
Данил Квјат немаше поголеми проблеми да се навикне на старо/новиот за него болид на Торо Росо. Пјер Гасли кој од следната сезона доби шанса во тимот на Ред Бул, исто така, се покажа во добро светло и ќе биде достојна замена на Австралијанецот.
Кога сме кај Даниел Рикиардо, тој е единствениот возач кој не доби зелено светло од сегашниот тим, Ред Бул, да го испроба неговиот нов болид за 2019 година - Рено. Можеби во Австрискиот тим стравуваат дека тие ќе биде нивни блиски конкуренти за пласманот во конструктори, што можеби се и во право, па секоја помош од нивна страна би била глупост. Конкуренцијата во Ф1 не трпи емоции.
2018 АБУ ДАБИ ТЕСТ - ВТОР ДЕН | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:36.450 | 135(5) | |
2 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:37.916 | + 1.467 | 129(5) |
3 | Ленс Строл | Форс Индија | 1:38.044 | + 1.594 | 122(ХМ) |
4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:38.448 | + 1.998 | 143(5) |
5 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:38.547 | + 2.097 | 150(5) |
6 | Артем Маркелов | Рено | 1:38.590 | + 2.140 | 129(ХМ) |
7 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:38.802 | + 2.352 | 38(ХМ) |
8 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:38.862 | + 2.412 | 155(5) |
9 | Луис Делетраз | Хас | 1:39.069 | + 2.619 | 117(5) |
10 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:40.265 | + 3.815 | 56(ХМ) |
11 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:40.435 | + 3.985 | 128(5) |
2018 АБУ ДАБИ ТЕСТ - ПРВ ДЕН | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.812 | 69(ХМ) | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.231 | + 0.419 | 120(5) |
3 | Ленс Строл | Форс Индија | 1:37.415 | + 0.603 | 56(ХМ) |
4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:37.947 | + 1.135 | 133(УМ) |
5 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.976 | + 1.164 | 67(5) |
6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:38.187 | + 1.375 | 138(5) |
7 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:38.789 | + 1.977 | 128(ХМ) |
8 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:39.201 | + 2.389 | 56(ХМ) |
9 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:39.269 | + 2.457 | 32(5) |
10 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:39.512 | + 2.700 | 42(5) |
11 | Кими Раиконен | Заубер | 1:39.878 | + 3.067 | 102(5) |
12 | Шон Гелајл | Торо Росо | 1:40.435 | + 3.623 | 150(ХМ) |
2018 АБУ ДАБИ ТЕСТ - КОМБИНИРАНИ РЕЗУЛТАТИ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:36.450 | 135(5) | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.812 | + 0.362 | 69(ХМ) |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.231 | + 0.781 | 263(5) |
4 | Ленс Строл | Форс Индија | 1:37.415 | + 0.965 | 178(ХМ) |
5 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:37.916 | + 1.467 | 129(5) |
6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:37.947 | + 1.497 | 133(УМ) |
7 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.976 | + 1.526 | 67(5) |
8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:38.187 | + 1.737 | 138(5) |
9 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:38.547 | + 2.097 | 150(5) |
10 | Артем Маркелов | Рено | 1:38.590 | + 2.140 | 129(ХМ) |
11 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:38.789 | + 2.339 | 128(ХМ) |
12 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:38.802 | + 2.352 | 80(ХМ) |
13 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:38.862 | + 2.412 | 155(5) |
14 | Луис Делетраз | Хас | 1:39.069 | + 2.619 | 117(5) |
15 | Пјетро Фитипалди | Ред Бул | 1:39.201 | + 2.751 | 56(ХМ) |
16 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:39.269 | + 2.819 | 88(5) |
17 | Кими Раиконен | Заубер | 1:39.878 | + 3.428 | 102(5) |
18 | Шон Гелајл | Торо Росо | 1:40.435 | + 3.985 | 150(ХМ) |
19 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:40.435 | + 3.985 | 128(5) |
КОРИСТЕНИ ПНЕВМАТИЦИ
2018 СМЕШИ
ХМ - ХИПЕР-МЕКИ
УМ - УЛТРА-МЕКИ
2019 СМЕШИ
5 - СМЕША 5
КВАЛИФИКАЦИИ
Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794
ТРКА НАЈБРЗ КРУГ
Себастијан Ветел - Ферари - 1:40.867 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |