Мерцедес АМГ го обезбеди првиот стартен ред на последната квалификациска сесија на 2018 сезоната. Луис Хамилтон ја забележа својата 83-та Пол позиција во Формула 1 шампионатот, неговата 11-та оваа сезона и четвртата на патеката Јас Марина. Валтери Ботас мораше да се задоволи со старт од втората позиција на гридот, помагајќи го седмиот 1-2 пласман за тимот во 2018 година. Денешните резултати го означуваат петтиот последователен пласман на првиот ред за Мерцедес АМГ во Абу Даби. Тројцата возачи ќе ја започнат утрешната трка на ултра-меките гуми на Пирели.
Луис Хамилтон: "Денешните квалификации се покажаа многу емотивни за мене, бидејќи за последен пат го возев овој болид до Пол позицијата. Од страната што тешко можевте да ја забележите, но со оваа машина бевме емотивно поблиску еден до друг, отколку со било кој друг болид во мојата кариера."
"Имавме тешки моменти во текот на сезоната, и јас сум многу благодарен на сите наши вработени за комплетирањето на W09 во една победничка целина. Момците беа форсирани да работат на самиот нивни лимит, благодарение на што ја имам оваа можност да се докажам себеси на патеката."
"Убаво е да ги освоиш првите две стартни позиции во завршните квалификации на сезоната! Јас сум горд на нашиот тим, и резултатите сами зборуваат. Мерцедес ме поддржуваше од мои тринаесет години, јас сум горд што сум дел од овој голем тим!"
Валтери Ботас: "Се разбира, јас атакував на Пол позицијата! Минатата година имав одлични резултати во квалификациите, но не бев во можност да ги повторам во овој викенд. Второто место не е она што го очекував. Ние веќе ја освоивме титулата кај конструкторите, но да се биде на првиот ред во последната трка од сезоната е одличен резултат за тимот. Луис имаше одличен круг, па беше тешко да се победи. Мислам дека изгубив време помеѓу 17-от и 18-от свиок."
"Луис е навистина импресивен, тоа секогаш се случува кога некоj ужива во она што го прави, развива постоечки вештини, стекнува нови и постојано се залага за повеќе. Ова правило важи за секој спортист во кој било спорт. За мене, предизвикот е да работам уште понапорно. Морам да напредувам од недела во недела и активно да работам со инженерите за да станам поконкурентен возач."
"Се разбира, сакам да бидам понапред од Луис, но тоа ќе бара многу поголем напор од моја страна. Сепак, сериосно сум подготвен да се обидам. Како што рече Луис, имаме одличен тим, чиј морал е неверојатно висок. Поддршката на тимот ми дава многу сила, сигурен сум дека оваа поддршка ќе биде многу корисна за следната сезона."
Себастијан Ветел: "Мерцедесите беа многу брзи од самиот почеток на викендот. Квалификациите од моја страна поминаа со помешани емоции. По првиот брз круг, бев оптимист дека може да направиме нешто повеќе, но во вториот морав да се соочам со суровата реалност. Луис имаше одличен круг, забележа време за кое знаев дека ќе биде тешко да се победи."
"Задоволен сум од мојот брз круг, но времето беше доволно само за третата позиција. Задоволен сум од нашите преформанси во Q2 сесијата и што успеавме да ги забележиме најбрзи времиња на ултра-меката смеша, што е многу важно за претстојната трка. Се разбира, посакував да се квалификувам на првиот ред, но тоа не беше можно."
"Но, веќе им кажав на моите инженери дека во недела ќе се бориме до крајните лимити на болидот. Во трката се е возможно, нашиот болид е доволно брз на правците, а слаба точка е третиот сектор. Трката е долга."
ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ
11/24/2018 09:33:00 PM
0
Tags
Share to other apps