Она што привлече најголемо внимание во текот на денот е појавувањето на 2019 болидот на Вилијамс, FW42, кој иако не комплетиран 100%, со Џорџ Расел зад неговиот волан успеа да комплетира 23 круга. Новиот болид на Каталуња пристигна во раните утрински часови, четири часот по полноќ.
Се чини дека четвртиот ден од тестот ќе биде прв вистински за Вилијамс, ако тимот успее целосно да го склопи болидот. Фановите на Кубица ќе имаат можност да го видат за прв пат на патеката во претпладневата сесија, за попладне да го отстапи FW42 на Џорџ Расел.
Себастијан Ветел, денес не беа расположени за поставување на најбрзо време, па таа должност му припадна на Кими Раиконен, кој 10 минути пред крајот на денот го имаше најбрзото време за Алфа Ромео, но тоа беше подобрено од страна на Данил Квјат со Торо Росо. На двајцата возачи тоа им успеа со помош на најмеката смеша на Пирели C5, еквивалент на минатогодишната Хипер-мека гума.
2019 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 3 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:17.704 | 137(C5) | |
2 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.762 | + 0.058 | 138(C5) |
3 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:18.164 | + 0.460 | 80(C4) |
4 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.350 | + 0.646 | 134(C3) |
5 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.787 | + 1.083 | 109(C3) |
6 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:18.800 | + 1.096 | 63(C4) |
7 | Роман Грожан | Хас | 1:19.060 | + 1.356 | 69(C3) |
8 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:19.249 | + 1.545 | 48(C4) |
9 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:19.354 | + 1.650 | 90(C3) |
10 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:20.102 | + 2.398 | 67(C3) |
11 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:20.693 | + 2.989 | 88(C3) |
12 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.818 | + 3.114 | 94(П) |
12 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:25.625 | + 7.921 | 23(C3) |
*П - Прототип
@МкФормула1 - Република Македонија@MkFormula1 - Republic of Macedonia |