Денес, 21-годишниот Моначанец, беше класа над сите за време на квалификациите, забележувајќи два брзи круга во Q3, доволно добри за првото место на табелата.
Чарлс Леклер прво се најде на провизорната Пол позиција со време од 1:03.208 во првиот круг, потоа при вториот обид го подобри ова време со виолетови втор и трет сектор на 1:03.003.
Возачот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон, кој се пожали дека не е доволно брз на правците, се пресели од четвртата на втората стартна позиција во својот последен круг, заабележувајќи за 0.259 секунди побавно време.
Британецот, поради попречување на Кими Раиконен во текот на Q1 сесијата заработи казна од 3 стартни места, па ќе ја започне утрешната трка од
(Update: По редоследот на доделување казни, Британецот реално изгуби само две позиции, т.е. ќе стартува од П4.)
Макс Верстапен беше трет најбрз, со заостанување од 0.436 делови од секундата, пред вториот Мерцедес на Валтери Ботас.
Двајцата возачи на Мерцедес АМГ и Макс Верстапен ќе ја започнат трката на жолтите гуми на Пирели, додека останатите од Топ 10 пласманот ќе ги користат црвените гуми.
Кевин Магнусен, кој помина во Q3 сесијата и покрај неговиот излет по чакалот покрај патеката при неговиот последен брз круг во Q2 сесијата, беше петти најбрз, за три стотинки пред Мекларенот од Ландо Норис.
Но, возачот на Хас има казна од пет места за менување на менувачот, па ќе го изгуби местото во третиот стартен ред.
Дуoто на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовињаци, беа седми и осми, додека Пјер Гасли беше само деветти во вториот Ред Бул, откако не успеа да го подобри своето време при вториот брз круг.
Себастијан Ветел не успеа да излезе на патеката во Q3 сесијата, благодарение на тоа што Ферари го нарече проблем со линијата за притисок на воздухот до моторот, што значи дека заврши на 10-тото место.
Ромaн Грожан беше 11-ти, откако за само 0.024 делови од секундата не успеа да го победи својот тимски колега во Q2. Французинот имаше два брзи круга, со разлика од само една илјадитинка од секундата, но ниту еден не беше доволен за да го помине Магнусен.
Возачот на Рено, Нико Хулкенберг не успеа да го подобри своето време во вториот обид и заврши на 12-тата позиција, но тоа пред се беше благодарение на претходно споменатото излетување на Магнусен во 4-от свиок. Германецот, исто така, има казна од пет места за промена на моторот.
Алекс Албон, беше 13-ти најбрз, но ќе мора да стартува од последниот ред, благодарение на 3-тата спецификација на Хонда V6 моторот и најновиот турбополнач.
Даниел Рикиардо имаше само еден брз круг во Q2 сесијата и заврши со 14-тото најбрзо време, пред Карлос Саинц Јр., кој не забележа сериозно време, бидејќи тој, исто така, ќе мора да стартува најназад во поредокот, благодарение на промените на компонентите на ПЕ, т.е. префрлањето на Б-спецификацијата на Рено V6 моторот.
Серџо Перез беше најбрз од оние кои беа елиминирани во Q1 сесијата, откако го прескокна својот тимски колега Ленс Строл на крајот од истата, за само 0.043 делови од секундата.
Даниел Квјат беше на 18-ти најбрз, половина секунда побавен од Строл, но Русинот беше попречен од Џорџ Расел, кој си доби казна од три стартни места. Британецот, како по обичај беше побрз во тимот на Вилијамс, три десетинки пред Роберт Кубица.
Трката за ГН на Австрија започнува од 15:10 часот по македонско време, со директен пренос на ТВ 24Вести.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
2019 АВСТРИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:03.003 | |
2. | Луис Хамилтон*** | Мерцедес АМГ | 1:03.262 | + 0.259 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:03.439 | + 0.436 |
4. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:03.537 | + 0.534 |
5. | Кевин Магнусен** | Хас | 1:04.072 | + 1.069 |
6. | Ландо Норис | Мекларен | 1:04.099 | + 1.096 |
7. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:04.167 | + 1.163 |
8. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:04.179 | + 1.176 |
9. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:04.199 | + 1.196 |
10. | Себастијан Ветел | Ферари | / | / |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:03.378 | ||||
11. | Роман Грожан | Хас | 1:04.490 | + 1.487 |
12. | Нико Хулкенберг** | Рено | 1:04.516 | + 1.515 |
13. | Алекс Албон* | Торо Росо | 1:04.665 | + 1.662 |
14. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:04.790 | + 1.787 |
15. | Карлос Саинц ЈР.* | Мекларен | 1:13.601 | + 10.578 |
Q1 Најбрзо Време: Макс Верстапен - 1:03.807 | ||||
16. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:04.789 | + 1.786 |
17. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:04.832 | + 1.829 |
18. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:05.324 | + 2.321 |
19. | Џорџ Расел*** | Вилијамс | 1:05.904 | + 2.901 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:06.206 | + 3.203 |
107% време: 1:08.274
* старт од последен ред
** 5 места поназад
*** 3 места поназад |
||||
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Фелипе Маса - Вилијамс - 1:08.759 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:08.455 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:07.922 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:04.251 2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:03.130 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:03.003 |
||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
П5 ЗА КЕВИН МАГНУСЕН - ТИМСКО РАДИО