Награда на Пирели за освоената Пол Позиција на Чарлс Леклер му беше доделена од Лукас Лауда, син на трикратниот шампион Ники Лауда, кој почина на крајот од Мај и на чие дело и лик се потсетуваме низ серија на настани за време на неговото домашно Гран При.
Најбрзата стратегија за Големата Награда на Австрија, која се состои од 71 круг е едно застанување во бокс, и тоа старт на жолтите гуми со стинт од 14 до 20 круга, а потоа следува завршен стинт на белите гуми.
Тројца возачи од Топ 10 пласманот ја избраа оваа стратегија, забележувајќи го своето најбрзо време во Q2 сесијата на медиумот. Жолтите гуми се теоретски најоптимални гуми за почетниот стинт, па би требало да видиме уште многу возачи надвор од Топ 10 пласманот, да ги имаат како свој избор за старт на трката.
Втората најбрза стратегија, која е многу блиска во однос на темпото, е старт на црвените гуми со стинт од 12-16 круга, за потоа да следува подолг завршен стинт на белите гуми. Оваа стратегија им се гледа како добитна на возачите на Ферари и останатите во Топ 10 пласманот, особено Ландо Норис кој донесе висока стартна позиција на Мекларен.
Повеќе возачи заработија казни, што значи дека тие нема да стартуваат од своите освоени позиции, а исто така ќе промовираат други возачи нагоре во поредокот. Со двата болиди во најбрзите 10, Швајцарскиот тим има добри шанси за одличен резултат.
Стратегија со две застанувања во бокс е дефинитивно многу побавна варијанта и треба да се избегнува, освен ако околностите на трката не ја направат неизбежна. Во тој случај, неколку пермутации се можни со користење на сите смеши, со слично комбинирано време за трката.
Како такви околности може да бидат густиот сообраќај, кој веќе имаше ефект на тркачкиот викенд, а тоа особено го почувствува Даниел Квјат кој не успеа да помине во Q2 сесијата.
Друг фактор може да бидат налетите на ветер, кои предизвика неколку инциденти со последица црвено знаме(во трка тоа би значело излегување на БВ), за време на вчерашните тренинг сесии, и тоа е нешто на што возачите ќе треба да внимаваат.
Марио Изола, Пирели: "Видовме интересна поделба со стратегиите за утрешната трка, со Мерцедес АМГ и Макс Верстапен започнувајќи ја трката на медиум гумите, додека Ферари и другите во Топ 10 на гридот ќе стартуваат на побрзата мека смеша."
"Како ќе се одвиваат овие стратегии, ќе биде клучот за трката. Досега немаме забележано грејнинг, дури ни на меката смеша, па се чини дека таа ќе биде поефикасна тркачка гума отколку што беше случај на Пол Рикард минатата недела."
"Сепак, вчерашниот испрекинат втор тренинг значи дека тимовите можеби не биле во можност да соберат комплетен сет на податоци, што додава уште една интересна променлива во равенката."
"Tемпературaта на асфалтот и денес беше висока, како што очекуваме и утре, но имаше помалку од налетите на ветер кои што предизвикаа проблеми за неколку возачи во петокот, што доведе денешните сесии да поминат без проблеми."
2019 АВСТРИЈА ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
1. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
2. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
3.ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
4. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
5. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
6. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
7. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
8. ПЈЕР ГАСЛИ - РЕД БУЛ | |
9. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
10. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
11. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
12. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
13. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
14. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
15. НИКО ХИЛКЕНБЕРГ - РЕНО | |
16. ДАНИЕЛ КВЈАТ - ТОРО РОСО | |
17. РОБЕРТ КУБИЦА - ВИЛИЈАМС | |
18. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
19. АЛЕКС АЛБОН - ТОРО РОСО | |
20. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |