Вклучените сили ќе бидат анализирани. Лекциите ќе се научат и ќе се направат промени. Но, во некои случаи, нема што многу да се направи. Човечкото тело може да трпи последици до одредени граници, па затоа ризикот од мотоспортот никогаш не може целосно да се искорени.
Денес возачите, повторно ќе возат во СПА-Франкоршамп, ќе продолжат со нивните вообичаени подготовки пред трката. Тие ќе го сторат тоа со сериозност, трезвеност и непоколеблива решеност да продолжат со тркањето како и обично.
СПА-Франкоршамп, каде се случи овој инцидент, е една од најпознатите во светот, најисториските, најбрзите, најпредизвикувачките и, ДА, НАЈОПАСНИТЕ тркачки патеки.
Сепак, возачите со нетрпение очекуваат да се натпреваруваат на неа, повеќе од која било друга патека, освен уште неколку патеки низ целиот свет. Но, тие не го прават тоа земено здраво за готово, тие го прават тоа во целосна свест за ризиците што ги преземаат.
Дали имаме право да се осмелиме да кажеме дека денес Чарлс Леклер ќе ја забележи својата прва Ф1 Победа?!? Сите резултати укажуваат дека Моначанецот изгледа неприкосновено брз во досегашниот тек од викендот.
Дополнителните КС од Ферари ПЕ допринесуваат да го гледаме како фаворит. Или, пак ќе гледаме како коњчето се сопнува на непремостливата пречка за нив оваа сезона, гумите на Пирели.
Трката започнува во 15:10 часот по Македонско време со директен пренос на ТВ 24Вести. Возачите на располагање ги имаат следните сетови на пневматици: