На почетокот од трката Чарлс Леклер без поголеми тешкотии остана на првото место по првиот круг, со Ветел, Хамилтон и Ботас зад него. Макс Верстапен, веќе симптоматично за Ред Бул, како по обичај имаше лош старт, па беше поминат од Кими Раиконен и Серџо Перез, во трката до првиот свиок.
Холанѓанецот се обиде да врати нешто од изгубеното со ризичен потег од внатрешната страна на првиот свиок, чисто го помина Серџо Перез, но го погоди Раиконен.
Предната лева страна на болидот на Верстапен беше оштетена во инцидентот и целосно се распадна неколку свиоци подоцна, по што Холанѓанецот заврши во заштитните бариери покрај патеката.
Излегувањето на безбедносното возило беше неминовно веќе во првиот круг. Кими Раиконен ја продолжи трката, но мораше во бокс за промена на носот на неговиот болид.
Исто така, Даниел Рикиардо, мораше во бокс,поради тоа што неговиот болид собра остатоци на патеката по што дојде до оштетување на подот на неговото Рено.
Кога трката беше рестартирана во 5-от круг, Мончанецот лесно го задржа водството, откако предните тркала на болидот на Ветел блокираа при сопирањето за влез во првиот свиок.
Леклер го одржуваше водството, додека неговиот тимски колега се најде под напад на Луис Хамилтон, но Британецот не успеваше да најде начин да го претекне болидот на Ферари.
Тогаш, како што подоцна изјави Матија Бинотот, кога очекувале да влезе еден од болидите на Мерцедес АМГ, се решиле да го повикаат Ветел во бокс, веќе во 15-от круг, за промена на гумите на Пирели.
Од влегување на Хамилтон или пак Ботас немаше абер, па така тие останаа на патеката многу повеќе круга, заедно со лидерот на трката Чарлс Леклер, кој беше првиот од нив кој се реши за промена на гумите во 21-от круг.
Наскоро неговиот потег го проследија возачите на Мерцедес АМГ, па сега Себастијан Ветел беше во водство со пет секунди предност пред Леклер.
Сепак, прераното влегување во бокс значеше дека ќе биде невозможно да финишира на истите гуми. Моначанецот на посвежи гуми го стигна Ветел на 18 круга до крајот на трката, по што беше пропуштен од својот тимски колега.
Оваа стратегија на Ферари ја обезбеди Победата на Леклерк, но тоа го остави Ветел ранлив на возачите на Мерцедес АМГ, па наскоро по неколку круга се спушти на четвртото место по откажувањето на жолтите гуми.
Неколкуте круга отпор беа доволни за да Леклер создаде пристојна разлика до Луис Хамилтон, кој во завршните кругови брзо ја намалуваше, но не доби можност за да изврши напад. Во секој случај, со второто место ја зголеми разликата во однос на Ботас во генералниот пласман на возачи на 65 поени.
Откако беше претекнат од Хамилтон, на Ветел му беше речено да остане на патеката ако може да го задржи Ботас зад себе, но тој пријави дека тоа е невозможно, по што беше повикан по нови гуми со цел да се забележи најбрзиот круг во трката и го добие дополнителниот еден поен.
Новиот возач на Ред Бул, Алекс Албон, се пласираше на изненадувачкото петто место на своето деби со тимот, по стартот од задниот дел на гридот. Тој се најде на најдобриот пласман во неговата Ф1 кариера по драмата во последниот круг, кога Ландо Норис мораше да ја заврши трката.
Тајланѓанецот се најде на шестото место, а веднаш потоа на петтото по претекнувањето на Серџо Перез. Но, ова претекнување се разгледуваше од стјуардите по трката, но заврши без дополнителни санкции за некој од возачите.
Даниeл Квјат со болидот на Торо Росо заврши на седмото место, пред да се случи понатамошна драма кога Антонио Џовинаци изгуби контрола врз својот болид, по што се најде во бариерите покрај патеката, во момент кога беше на осмото место.
Со тоа, Нико Хулкенберг беше осми, пред Пјер Гасли кој со својот старо-нов болид стигна до деветтото место. Ленс Строл го комплетираше Топ 10 пласманот.
2019 БЕЛГИСКО ГРАН ПРИ - СПА-ФРАНКОРШАМП 44 круга, 308.052км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | РАЗЛИКА |
1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1ч23:45.710 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 0.981 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 12.585 |
4. | Себастијан Ветел | Ферари | + 26.422 |
5. | Алекс Албон | Ред Бул | + 1:21.325 |
6. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1:24.448 |
7. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1:29.657 |
8. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1:46.639 |
9. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1:49.168 |
10. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1:49.838 |
11. | Ландо Норис | Мекларен | дефект |
12. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
13. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
14. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1 круг |
15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
17. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 1 круг |
18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - 1:46.409 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | дефект |
20. | Макс Верстапен | Ред Бул | инцидент |
2014 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч24:36.556 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч23:40.387 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч44:51.058 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч24:42.820 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч23:34.476 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1ч23:45.710 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 13/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 268 | |
2. | Валтери Ботас | 203 | |
3. | Макс Верстапен | 181 | |
4. | Себастијан Ветел | 169 | |
5. | Чарлс Леклерк | 157 | |
6. | Пјер Гасли | 65 | |
7. | Карлос Саинц ЈР. | 58 | |
8. | Даниел Квјат | 33 | |
9. | Кими Раиконен | 31 | |
10. | Алекс Албон | 26 | |
11. | Ландо Норис | 24 | |
12. | Даниел Рикиардо | 22 | |
13. | Серџо Перез | 21 | |
14. | Нико Хулкенберг | 21 | |
15. | Ленс Строл | 19 | |
16. | Кевин Магнусен | 18 | |
17. | Роман Грожан | 8 | |
18. | Антонио Џовинаци | 1 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 471 | |
2. | Ферари | 326 | |
3. | Ред Бул | 254 | |
4. | Мекларен | 82 | |
5. | Торо Росо | 51 | |
6. | Рено | 43 | |
7. | Рејсинг Поинт | 40 | |
8. | Алфа Ромео | 32 | |
9. | Хас | 26 | |
10. | Вилијамс | 1 |