Ферари ја забележа својата прва Победа сезонава, благодарение на одличниот настап на Чарлс Леклер на легендарната патека, СПА-Франкоршамп. Моначанецот успеа да ја менаџира трката до совршенство, на пат кон својата деби победа во Формула 1.
Овој фантастичен резултат дојде на крајот на тешкиот викенд за светот на моторниот спорт, по трагичната смрт на Антоан Хубер, младиот Француски возач, на саботната Формула 2 трка.
Чарлс Леклер: "Тешко е да се ужива во првата победа за време на ваков викенд. Пораснав со Антоан, заедно се натпреварувавме при нашата прва картинг трка, заедно со Пјер (Гасли) и Естебан (Окон) во 2005 година."
"Тоа се спомени што ќе ги чувам засекогаш. Вчера го изгубивме. Тоа беше огромен шок, не само за мене, туку и за сите во мотоспортот."
"На некој начин, задоволен сум што победив денес да го запомнам на начинот на кој треба да биде запаметен. Тој беше шампион, а оваа победа е за него.
Самата трка беше добра и ништо не беше можно без неверојатниот болид што ми го даде тимот."
"Направивме добри подобрувања за трката и го подобривме менаџирањето со гумите.
Последните неколку круга не беа лесни. Го видов Луис како се приближува и се доближува во ретровизорот, но, јас само се фокусирав на моето возење и да го доведам болидот до целната линија."
"На крајот, успеав да ја преминам линијата на прво место и би сакал да му се заблагодарам на тимот за напорната работа што ја вложија за да го направат тоа можно."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР: ТЕШКО Е ДА СЕ УЖИВА ВО ПОБЕДАТА
9/01/2019 10:13:00 PM
0
Share to other apps