Ова беше последна трка од 2020 сезоната, а акцијата на асфалтот завршува во вторник на истата Јас Марина патека, кога ќе се одржи т.е. тест сесија за млади возачи.
Претстојат новогодишни празници, презентации на нови болиди, три дена зимски тестови во Барселона. Следната 2021 година започнува со Австралиското Гран При, до кое не делат само 95 дена. Се надеваме дека ќе се одржи!!!
Сезоната 2020 започна во јули, а финишира во средината на декември, при што 17 трки беа сместени во период од пет и пол месеци. Судбината на шампионската титула кај возачите и конструктори беше решена пред предвидениот рок, но борбата за преостанатите позиции продолжи, колку да имаме некоја интрига и желба за да се проследи шампионатот до крај.
Главното внимание беше насочено кон 3тото место кај конструкторите. Победата и третото место на подиумот на последната трка во Сакир овозможија Рејсинг Поинт да се искачи на третото место, но во Абу Даби Серџо Перез доби казна за замена на делови од ПЕ и стартуваше последен, додека Ленс Строл загуби во квалификациите од возачите на Мекларен, тим која заостануваше десет поени за розевите Мерцедеси.
Ландо Норис и Карлос Саинц Јр. ја продолжија добрата форма од квалификациите и успеаа да освојат +17 поени од возачите на Рејсинг Поинт (Мексиканецот се повлече од трката, Строл едвај до 1 поен) за обезбедување на третото место во конструктори.
Трката во Абу Даби беше последна за Рено и Рејсинг Поинт, тимови кои од следната година ќе го сменат своето име во Алпине Ф1 и Астон Мартин Ф1.
Кевин Магнусен ја заврши кариерата во Формула 1, а Даниел Квјат, Алекс Албон и Серџо Перез немаат договори за следната сезона. Трката беше последна за Себастијан Ветел во Ферари, Даниел Рикиардо во Рено и Карлос Саинц Јр. во Мекларен, сите тие ќе сменат тим во 2021 година.
Трката беше последна за извршниот директор на Формула 1 Чејс Кери, кој од 1 Јануари ќе биде заменет со Стефано Доменикали. Како знак на сеќавање Американецот доби кацига со автограм од сите возачи.
Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина 55 круга, 305.470км., Време: Суво. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч36:28.645 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 15.976 |
3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 18.415 |
4. | Алекс Албон | Ред Бул | + 19.987 |
5. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:00.729 |
6. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 1:05.662 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1:13.748 |
8. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
+ 1:29.718 |
9. | Естебан Окон |
Рено | + 1:41.069 |
10. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1:42.738 |
11. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 1 круг |
12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
13. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1 круг |
14. | Себастијан Ветел | Ферари | + 1 круг |
15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
17. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1 круг |
18. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
19. | Пјетро Фитипалди |
Хас | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ДАНИЕЛ РИКИАРДО - 1:40.926 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
20. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | дефект |
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЈАС МАРИНА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч38:30.175 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:04.015 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч34:14.062 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч39:40.382 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:05.715 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч36:28.645 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Предизвикувачката 2020 сезона стана дел од историјата, сите се надеваме на најдоброто во 2021 година. |
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН 2020 СЕЗОНА | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 347 | |
2. | Валтери Ботас | 223 | |
3. | Макс Ферстапен | 214 | |
4. | Серџо Перез | 125 | |
5. | Даниел Рикиардо | 119 | |
6. | Карлос Саинц Јр. | 105 | |
7. | Алекс Албон | 105 | |
8. | Чарлс Леклер | 98 | |
9. | Ландо Норис | 97 | |
10. | Пјер Гасли | 75 | |
11. | Ленс Строл | 75 | |
12. | Естебан Окон | 62 | |
13. | Себастијан Ветел | 33 | |
14. | Даниел Квјат | 32 | |
15. | Нико Хулкенберг | 10 | |
16. | Кими Раиконен | 4 | |
17. | Антонио Џовинаци | 4 | |
18. | Џорџ Расел | 3 | |
19. | Роман Грожан | 2 | |
20. | Кевин Магнусен | 1 | |
18. | Николас Латифи |
0 | |
19. | Џек Ајткен |
0 | |
20. | Пјетро Фитипалди |
0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 573 | |
2. | Ред Бул | 319 | |
3. | Мекларен | 202 | |
4. | Рејсинг Поинт(-15) | 195 | |
5. | Рено | 181 | |
6. | Ферари | 131 | |
7. | АлфаТаури |
107 | |
8. | Алфа Ромео | 8 | |
9. | Хас | 3 | |
10. | Вилијамс | 0 |