Времето на вториот тест ден беше далеку подобро од вчера, па тестирањето продолжи во поидеални услови. Тимовите продолжија да ја спроведуваат својата тест програма, без поголеми проблеми со издржливоста, сите возачи што излегоа на асфалтот поминаа растојание на цела трка, освен Себастијан Ветел, кој имаше проблеми со менувачот на својот Астон Мартин.
Изутрината, се појавија истите проблеми со менувачот на Мерцедес, поради кои што Валтери Ботас преседе во гаражата во поголемиот дел од претходниот ден. Менувачот беше променет, а Германецот во последните минути од сесијата комплетираше само десет круга.
По ручекот беше заменет со Ленс Строл, неговиот тимски колега од Астон Мартин. Себастијан Ветел изрази жалење што во ситуација кога по промената на тимот имаше многу што да научи, сесијата беше потрошена залудно.
Утринската сесија не помина без грешки. Луис Хамилтон имаше извртување во 13-от свиок, по што неговиот болид заглави во чакалот покрај патеката, предизвикувајќи го првото црвено знаме на денот. Николас Латифи имаше слично извртување, при кое ги оштети гумите, но стигна до гаражата на Вилијамс. Карлос Саинц Јр. пробува да ги најде границите на Ферари болидот, при тоа излетувајќи неколку пати од патеката. По паузата за ручек, ветрот намали и имаше многу помалку грешки.
Фернандо Алонсо денес за прв пат го тестираше болидот на Алпин, А521. Шпанецот прв излезе на патеката, одработи богата програма, извозе повеќе од стотина круга и им докажа на скептиците дека е во добра физичка форма.
Во последните два часа тестирање, некои тимови симулираа квалификации и трка со пит-стопа и сите стандардни процедури, но мораа да бидат прекинати. Нешто помалку од час и половина пред крајот на сесијата по втор пат се појавија црвените знамиња.
На стартно/целниот правец, Серџо Перез беше во заветрина зад болидот на Николас Латифи, и кога тој се реши да го претекне, дел од каросеријата над ПЕ на Хонда беше комплетно издуван од неговиот РБ16Б. Неколку минути подоцна, кога остатоците беа отстранети од патеката, возачите повторно можеа да излезат на патеката.
Откако возеше неколку круга на најмеката компонента, Валтери Ботас успеа да го забележи најбрзото време за денот, но останатите потенцијално најбрзи тимови, Мекларен, Ред Бул не учествуваа во борбата за врвот на табелата. Најголемата километража на денот ја имаше Николас Латифи, за кого тестирањето заврши.
Утре започнува последниот тест ден, Џорџ Расел ќе го преземе болидот за Вилијамс, додека Мерцедес АМГ ќе се обиде да ги надополни загубените две утрински сесии во петокот и утринава, подготвувајќи го W12 за одбрана на Шампионската Титула.
2021 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:30.289 | 58(C5) | |
2 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.415 | + 0.124 | 87(C5) |
3 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:30.460 | + 0.171 | 70(C4) |
4 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.586 | + 0.297 | 52(C4) |
5 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:30.760 | + 0.471 | 124(C5) |
6 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:30.886 | + 0.597 | 73(C5) |
7 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.672 | + 1.383 | 132(C4) |
8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:31.682 | + 1.393 | 117(C2) |
9 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:32.215 | + 1.926 | 52(C3) |
10 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:32.339 | + 2.050 | 127(C2) |
11 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:32.684 | + 2.395 | 57(C4) |
12 | Мик Шумахер | Хас | 1:32.883 | + 2.594 | 88(C4) |
13 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:33.072 | + 2.83 | 56(C3) |
14 | Никита Мазепин | Хас | 1:33.101 | + 2.812 | 76(C4) |
15 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.399 | + 3.110 | 58(C2) |
16 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:38.849 | + 8.560 | 10(П) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2019 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 1:29.029 | 101(C5) | |
2 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:29.095 | + 0.067 | 61(C5) |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:29.319 | + 0.289 | 103(C3) |
4 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:29.795 | + 0.765 | 21(C3) |
5 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:29.911 | + 0.881 | 111(П) |
6 | Мик Шумахер | Алфа Ромео | 1:29.998 | + 0.968 | 70(C5) |
7 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:30.037 | + 1.007 | 143(C4) |
8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:30.049 | + 1.019 | 35(C5) |
9 | Дан Тиктум | Ред Бул | 1:30.856 | + 1.827 | 135(C4) |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:30.903 | + 1.874 | 87(C4) |
11 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:31.006 | + 1.976 | 69(П) |
12 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:31.209 | + 2.179 | 48(C3) |
13 | Ландо Норис | Мекларен | 1:31.303 | + 2.273 | 72(C2) |
14 | Џек Ајткин | Рено | 1:31.500 | + 2.470 | 103(С4) |
15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:32.198 | + 3.168 | 100(C4) |
16 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:32.269 | + 3.239 | 60(П) |
* П - Прототип, тест за Пирели
@МкФормула1 - Република Македонија@MkFormula1 - Republic of Macedonia |