Абразивната површина на асфалтот со голема деградација ја прави стратегијата со две застанувања во бокс како главна цел на тимовите, но избор на точниот сегмент на смеши ќе зависи од достапноста на гуми за секој возач.
Постојат многу стратегии со две застанувања кои се слични во однос на целокупното време, но најбрзата, теоретски, е два стинта од по 18 круга на жолтите гуми, плус еден централен стинт од 21 круг на белите гуми. Тоа ќе биде најверојатната стратегија за сите оние кои своето најдобро време во Q2 сесијата го забележаа на оваа смеша.
Втора најбрза варијанта на оваа стратегија е користење на сите три достапни смеши, и тоа првичен стинт од 14 круга на црвени, среден стинт од 24 круга на белите и за крај стинт од 19 круга на жолтите гуми.
Стратегијата кој би сочинувала серија црвени-жолти-жолти е малку побавна, а таа би се одвивала со стинт од 15 круга, а потоа два стинта од по 21 круг.
Друга варијанта е користење на два сета од жолтите гуми во стинтови од по 16 круга и еден стинт од 25 круга на белите гуми, овој најверојатно ќе биде на средината од трката. Оваа последна стратегија може да биде поволна со постудени услови. Во однос на целокупното време, таа е слична на горенаведените, и, како и секогаш, сите пермутации се возможни.
Марио Изола, Пирели: "Уште еднаш имаше голема разлика помеѓу дневните и ноќните сесии, што ги направи стратегијата и поставените пресметки покомплицирани. Постојат голем број можни стратегии за трката, во зависност од гумите што ги има секој возач."
"Како и да е, имаме неколку тимови кои сметаа дека жолтите гуми се најдобрата опција да ја започнат трката. Четворица од Топ 10 пласманот ќе стартуваат на нив, вклучувајќи ги најбрзите три возачи, и ова ќе им даде повеќе стратешки опции. Сепак, постојат голем број опции и постудените температури кои се очекуваат за денешната трка може да ги измешаат стратегиите уште повеќе."
"Интересен беше и новиот формат на Формула 2, со две трки. Имаше неколку импресивни стинтови на црвените гуми, особено во втората трка, како дел од алтернативната стратегија што им помогна на некои возачи да остварат големи придобивки од задниот дел на гридот, под влијание и на безбедносниот автомобил."
2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА БАХРЕИН СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
5. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
8. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - ФЕРАРИ | |
9. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
10. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
11. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
12. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
13. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
14. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
16. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
17. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
20. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ* - АСТОН МАРТИН | |
* казна 5 стартни места @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
Ги споредивме најдобрите времиња на возачите на десетте тимови во квалификациите во Бахреин во 2020 и 2021 година.
Заклучоците се прилично интересни. За да имаат подобрување од две секунди, на тимовите им требаат неколку години. ФИА го прави тоа за четири месеци.
КОЈ ТИМ ИЗГУБИ, КОЈ НАЈМНОГУ НАПРЕДУВАШЕ | ||||
П. | TIM | 2020 | 2021 | РАЗЛИКА |
1. | ФЕРАРИ |
1:29.149 | 1:28.678 | + 0.529 |
2. | АЛФА РОМЕО |
1:29.491 | 1:30.708 | + 1.217 |
3. | РЕД БУЛ |
1:27.678 | 1:28.997 | + 1.319 |
4. | АЛФАТАУРИ | 1:28.448 | 1:29.809 | + 1.361 |
5. | МЕКЛАРЕН | 1:28.542 | 1:29.927 | + 1.385 |
6. | АЛПИН/ | 1:28.417 | 1:30.249 | + 1.832 |
7. | ВИЛИЈАМС | 1:29.294 | 1:31.316 | + 2.022 |
8. | МЕРЦЕДЕС АМГ |
1:27.264 | 1:29.385 | + 2.121 |
9. | АСТОН МАРТИН |
1:28.322 | 1:30.601 | + 2.279 |
10. | ХАС | 1:30.111 | 1:32.444 | + 2.338 |