За прв пат откако започна хибридната турбо ера, Мерцедес АМГ ја загуби Пол позицијата на првата трка од сезоната. Рамнотежата на силите се смени, Ред Бул го има најбрзиот болид, но испадна дека тоа е само во квалификации.
Денес тоа не беше потврдено во трката, земајќи го во предвид и напредувањето на Серџо Перез. Да не рече некој по свадба тапани, но уште вчера напоменавме дека Мерцедес АМГ е побрз на жолтите гуми во тркачко темпо.
Ако пред четири месеци на квалификациите во Бахреин, според претходната верзија на регулативата, Луис Хамилтон беше четири десетинки пред Макс Ферстапен, сега загуби со истите четири десетинки.
Во Мерцедес АМГ признаа дека заостанувањето не се должи само на аеродинамиката, инженерите на Хонда завршија одлична работа во последната сезона за нив.
Ферстапен и Хамилтон трката ја започнаа од првиот ред, Ботас и Леклер од вториот, Гасли и Рикиардо од третиот. Враќајќи се во Формула 1, Фернандо Алонсо старуваше деветти. Себастијан Ветел во квалификациите не ги почитувал жолтите знамиња и доби казна 5 стартни места и три казнени поени.
Квалификувајќи 18-ти, тој ја започна трката последен. Подоцна имаше аматерски судир, за кој заработи 10 сек. казна и нови 2 казнени поени. Во еден викенд вкупно 5, со 12 се паузира една трка!!!
Болидот на Серџо Перез запре на патеката при крајот на загревачкиот круг, а по неколку минути Мексиканецот успеа повторно да ја стартува Хонда ПЕ, но возачите беа принудени на дополнителен формациски круг, а Перез се упати кон пит-линијата од каде што ја стартуваше трката.
На стартот, Холанѓанецот го задржа водството. Леклер го престигна Ботас, Норис го престигна Рикиардо. Карлос Саинц Јр. падна на десеттото место, Ветел се искачи од последното на 14-тото место. Никита Мазепин, продолжи во свој стил, веќе на вториот свиок имаше излетување, по кое удри во бариерите покрај патеката, по што следуваше период на безбедносниот автомобил.
Серџо Перез го искористи да смени гуми, а веќе во 3-от круг трката беше рестартирана. Повторно Макс Ферстапен го задржа водството, а најголем губитник излезе Пјер Гасли кој по контактот со Даниел Рикиардо, Пјер Гасли го изгуби предното крило, по што мораше во бокс. Следуваше период на Виртуелно Безбедносно Возило, за да се отстранат остатоците од предното крило на болидот на АлфаТаури.
Валтери Ботас во 6-от круг ја врати третата позиција, која ја изгуби од Ферарито на Чарлс Леклер, а Моначанецот веќе во 9-от круг беше престигнат и од Ландо Норис со Мекларен. Серџо Перез по стартот од пит-линијата во 10-от круг го престигна Естебан Окон за 12-тото место.
Првата рунда на замена на гумите започна во 12-от круг, кога Фернандо Алонсо замина во бокс, а по две и пол години пауза од Формула 1, увиде дека новите гуми на Пирели имаат голема потреба од добро менаџирање за добро да те служат во текот на трката.
По завршување на првите пит-стопа, 22 круг, редоследот на трката беше Хамилтон, Ферстапен, Ботас, Норис, Леклер, Рикиардо, Строл, Саинц Јр., Перез, Алонсо.
Веќе во 29-от круг, Луис Хамилтон ја започна втората серија на влегувања во бокс, алудирајќи дека е возможно да се на трка со три застанувања во бокс, но тоа не беше случај, иако во Ред Бул како да очекуваа таков расплет на настаните. Но, влегувањето на Ботас по само неколку круга ги демантираше.
Стратегистите во тимот на Ред Бул ја "туркаа" првичната нивна замисла, поткрепувајќи ја со перфектен 1.9 сек. пит-стоп за замена на гумите кај Макс Ферстапен, десет круга по Хамилтон. Макс се врати на второто место на патеката, со 8.6 секунди зад Мерцедесот. Од тој момент Холанѓанецот со сите сили тргна во потера и намалување на разликата.
Во меѓувреме Себастијан Ветел со Астон Марти и Естебан Окон со Алпин се судрија во борбата за позиција, а тоа беше аматерски потег на Германецот кој ги блокираше предните гуми и се удри во задниот дел на болидот на Французинот. Двајцата возачи продолжија да возат, а она што беше очогледно, стјуардите го потврдија со 10 секунди казна за Вател и два казнени поени во неговата суперлиценца.
Во 51-от круг, Ферстапен стигна во ДРС-опсегот на Мерцедесот, а во 53-от круг, успеа да го престигне Хамилтон, но при тоа излезе со 4 тркала надвор од патеката, по што контролата на трката реши дека тоа не е во рамки на правилата, по што мораше да ја врати позицијата. Според нас голема улога во овој настан имаше и еден од заостанатите болиди, кој требаше да биде прсестигнат за цел круг.
Ферстапен продолжи да врши притисок врз Хамилтон, но по изгубениот ритам немаше доволно време за нов напад. Борбата се одвиваше до последните метри, но Луис го задржа водството, стартувајќи ја сезоната со победа. Валтери Ботас ги промени гумите за да го забележи најбрзиот круг во трката.
Голема Награда на Бахреин, Сакир. 57 круга, 308.238км., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч32:03.897 |
2. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 0.745 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 37.383 |
4. | Ландо Норис | Мекларен | + 46.467 |
5. | Серџо Перез | Ред Бул | + 52.047 |
6. | Чарлс Леклер | Ферари | + 59.090 |
7. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1:06.004 |
8. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1:07.100 |
9. | Јуки Џунода |
АлфаТаури | + 1:25.692 |
10. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1:26.715 |
11. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1:28.864 |
12. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
13. | Естебан Окон | Алпин | + 1 круг |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
15. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
16. | Мик Шумахер | Хас | + 1 круг |
17. | Пјер Гасли | АлфаТаури | без финиш |
18. | Николас Латифи | Вилијамс | без финиш |
НАЈБРЗ КРУГ: ВАЛТЕРИ БОТАС - 1:32.090 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Фернандо Алонсо | Алпин | сопирачки |
20. | Никита Мазепин |
Хас | излетување |
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:58.710 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:54.067 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч48:15.565 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч24:11.672 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч32:01.940 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:21.295 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч59:47.515 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч32:03.897 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 01/23 ТРКИ | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 25 | |
2. | Макс Ферстапен | 18 | |
3. | Валтери Ботас | 16 | |
4. | Ландо Норис | 12 | |
5. | Серџо Перез | 10 | |
6. | Чарлс Леклер | 8 | |
7. | Даниел Рикиардо | 6 | |
8. | Карлос Саинц Јр. | 4 | |
9. | Јуки Џунода |
2 | |
10. | Ленс Строл | 1 | |
11. | Кими Раиконен | 0 | |
12. | Антонио Џовинаци | 0 | |
13. | Естебан Окон | 0 | |
14. | Џорџ Расел | 0 | |
15. | Себастијан Ветел | 0 | |
16. | Мик Шумахер |
0 | |
17. | Пјер Гасли | 0 | |
18. | Николас Латифи | 0 | |
19. | Фернандо Алонсо |
0 | |
20. | Никита Мазепин |
0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 41 | |
2. | Ред Бул | 28 | |
3. | Мекларен | 18 | |
4. | Ферари | 12 | |
5. | АлфаТаури | 2 | |
6. | Астон Мартин |
1 | |
7. | Алфа Ромео |
0 | |
8. | Алпин | 0 | |
9. | Вилијамс | 0 | |
10. | Хас | 0 |