Воедно болидите на Мекларен и тој на Ред Бул беа тие што покажаа најмногу, додека разочарувачки ден имаа возачите на Мерцедес АМГ.
Оваа година Мерцедес АМГ, поради дождливото време во Силверстоун, се реши да не спроведе филмски ден, па новиот W12 за прв пат од својата гаража на патеката излезе утринава и веднаш се врати назад.
Инженерите видоа проблеми со менувањето брзини на телеметријата, Валтери беше повикан назад и механичарите започна со поправки. Ботас беше во можност да се врати на патеката на крајот од утринската сесија.
Тимот изгуби уште еден час на почетокот на попладневниот дел од сесијата, кога Луис Хамилтон седна зад воланот. За прв пат во последните неколку години, Мерцедес АМГ не е на врвот по измината километража на првиот ден од тестовите. Покрај тоа, тимот заврши на последното место со само 48 комплетирани круга, наспроти 139 за лидерите на денот, Ред Бул.
Приврзаниците на предсезонските тестови во Бахреин отсекогаш зборуваа за времето како главен адут, и дека само песочна бура може да го наруши нивниот тек, но според нив тоа беше помалку веројатно од поројните дождови во студената Европа. И во година кога тест деновите беа сведени на минимум, само три, првиот беше нарушен од песочна бура.
Утрово имаше силен ветер, кој во текот на денот се засилуваше, со налети до 50 км/ч. Видливоста остана во рамките на дозволеното, медицинскиот хеликоптер можеше да полета, па тестовите не беа запрени. Што ако условите се уште полоши утре?
Облаци прашина се креваа зад болидите, гумите се лизгаа по песочниот асфалт. Секако, тимовите ги ставија потребните филтри на болидите, но програмата требаше да се прилагоди во согласност со условите, а во вечерните часови ветрот малку се смири.
Во вакви услови имавме тројца возачи кои за прв пат излегоа на патеката со статус на главни возачи, Јуки Цунода во АлфаТаури, Никита Мазепин и Мик Шумахер во Хас. Само во тимот на Вилијамс првиот тест ден беше закажан за нивниот резервен возач, Рој Нисани.
Друг тим кој имаше поголеми проблеми со својот болид очекувано беше ХАС, кој на недовршениот VF-21, презентиран непосредно пред почетокот на денот, по само 15 круга на патеката мораше да го промени менувачот на болдиот на Мик Шумахер. Русинот, Никита Мазепин, имаше подобра среќа и во попладневниот дел го заврши поголемиот дел од програмата што беше планирана од тимските инженери.
Во другите тимови, болидите работеа подобро, многумина веќе на првиот ден поминаа поголема километража од таа на една целосна трка. Потенцијално, во жешките услови на Сакир, можеа да се појават проблеми со ладењето на Мекларен, кој го смени снабдувачот со погонски единици, но за нив денот се одвиваше без проблеми, Даниел Рикиардо беше најбрз на утринската сесија, а Ландо Норис беше брз во втората.
Тестовите беа прекинати само еднаш, кога при крајот на утринската сесија, беа развеани црвените знамиња откако Чарлс Леклерк го паркираше својот Ферари покрај патеката. Од Ферари не дадоа појаснување во што беше проблемот. Како што веќе кажавме, најбрзото време на денот го забележа Макс Ферстапен, кој беше лидер и во измината километража, што претставува одличен почеток на тестовите за Ред Бул.
2021 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:30.674 | 138(C3) | |
2 | Ландо Норис | Мекларен | 1:31.146 | + 0.215 | 45(C3) |
3 | Естебан Окон | Алпин | 1:31.809 | + 0.472 | 128(C4) |
4 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:31.945 | + 1.108 | 46(П) |
5 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:32.203 | + 1.245 | 56(C3) |
6 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:32.231 | + 1.271 | 68(C3) |
7 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:32.727 | + 1.529 | 45(C2) |
8 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:32.869 | + 1.557 | 74(C3) |
9 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:32.912 | + 2.053 | 37(C2) |
10 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.242 | + 2.238 | 42(C2) |
11 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:33.320 | + 2.568 | 59(C3) |
12 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:33.742 | + 2.646 | 63(C3) |
13 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:34.789 | + 3.068 | 51(П) |
14 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:34.798 | + 4.115 | 83(C3) |
15 | Никита Мазепин | Хас | 1:36.127 | + 4.124 | 69(C3) |
16 | Мик Шумахер | Хас | 1:36.850 | + 5.453 | 15(C2) |
17 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.983 | + 6.176 | 6(C2) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2019 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:29.379 | 69(C3) | |
2 | Мик Шумахер | Ферари | 1:29.976 | + 0.597 | 56(C5) |
3 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.800 | + 1.421 | 22(C3) |
4 | Роман Грожан | Хас | 1:30.982 | + 1.603 | 42(C3) |
5 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:31.089 | + 1.709 | 71(C3) |
6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:31.156 | + 1.777 | 77(C3) |
7 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:31.584 | + 2.205 | 45(C4) |
8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:31.964 | + 2.585 | 32(C3) |
9 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:32.059 | + 2.679 | 32(C2) |
10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:32.067 | + 2.687 | 53(C2) |
11 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:32.207 | + 2.827 | 64(П) |
12 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:32.708 | + 3.329 | 20(C2) |
13 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:33.290 | + 3.910 | 19(C2) |
14 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:33.653 | + 4.273 | 45(П) |
15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:33.682 | + 4.302 | 27(C2) |
* П - Прототип, тест за Пирели
@МкФормула1 - Република Македонија@MkFormula1 - Republic of Macedonia |