Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на уличната патека во Баку, Азербејџан.
ПОБЕДНИЦИ
Луис Хамилтон, П2: "Со оглед на тешките околности, јас сум изморен и навистина сум среќен што успеав да го комплетирам тој круг. Дефинитивно не го очекувавме овој пласман, и ова е монументален резултат за нас, бидејќи цел викенд имавме проблеми, како никогаш досега."
"Ја задржавме присебноста и продолживме да имаме конструктивни разговори во позадина, предизвикувајќи се еден со друг и едноставно никогаш не земавме "не" за одговор."
"Денес имавме најголемиот скок во перформанси помеѓу Т3 и Квалификациите. Откривме нешто на крајот од Т3 и продолживме да работиме во таа насока. Беше толку тешко и имаше многу работа во нашата база, и се надевам дека сите се среќни, но сепак утре треба да ја финишираме трката."
"Нашето тркачко темпо е многу подобро од нашето квалификациско темпо, па би сакал да мислам дека можеме да конкурираме на другите тимови во борбата за победа."
Чарлс Леклер, П1: "Јас сум многу среќен. Се обидов да напредувам чекор по чекор и да го дадам максимумот во Q3 сесијата. Се чини дека работев прилично добро. Имав добри референци, знаев каде можам да добијам на време и каде можам да притискам повеќе, и тоа е она што го направив."
"По првиот круг, бев релативно среќен, но изгубив доста на свиоците 4-5-6. Во вториот брз круг бев доста подобар, но сесијата беше стопирана. Како и да е, тоа беше Пол позиција за мене, па затоа сум многу задоволен од тоа."
"Нашето тркачко темпо не е толку силно како на конкурентите пред нас во шампионатот, затоа верувам дека ќе биде многу тешко да ги задржиме зад себе во трката. Правците се многу долги, и лесно е да се престигнува. Ќе дадеме сè од себе, и се надевам дека утре ќе можеме да имаме уште едно позитивно изненадување."
Пјер Гасли, П4: "Искрено, ова беше прилично неверојатен ден. Најбрзото време на денешниот тренинг ми донесе прилично високи очекувања за квалификациите. Имавме добро темпо, и ние се чувствувавме силни, јас навистина кликнав со болидот тука во Баку."
"Навистина сум задоволен од нашите перформанси во квалификациите, мислам дека на крајот сè уште бевме во позиција да се бориме за врвот, но П4 е одличен резултат, а разликите до најбрзите беа толку мали. Ова беше фантастичен напор од целиот тим и мислам дека можеме да бидеме многу горди на напредокот што го правиме."
"Очигледно денот ќе беше подобар ако Јуки завршеше како што беше планирано, особено што имаше многу добар викенд, тој работеше напорно низ сесиите и денес за прв пат се пласираше во Q3, па затоа треба да биде навистина задоволен со тоа."
ГУБИТНИЦИ
Валтери Ботас, П10: "Моето темпо не е на потребното нив во текот на целиот викенд и чувствувам дека нешто не е во ред. Јас сум на лимитот на болидот, но времињата се далеку од конкурентни, ако притискав посилно, ќе завршев во бариерите."
"Ние наизменично одлучуваме и овој викенд беше изборот на Луис да одлучи кој ќе излезе прв од гаражата, па очигледно во првото излегување во Q3 тој ја имаше мојата помош во заветрина, а при второто се обидов да ја изкористам помошта од Чарлс, но сесијата беше стопирана."
"Утрешната трка ќе биде предизвик, но знам дека сè може да се случи. Имам заостанувано цел еден круг, а на крајот да завршам на врвот. Така, никогаш ништо не се знае и сигурно, јас ќе продолжам да се борам. Вечерва и утре ќе се обидам да ги разгледам и подобро разберам собраните податоци."
Серџо Перез, П7: "Голема штета. Целиот викенд имав многу добро темпо, но денес не комплетирав добар круг кога тоа беше најпотребно. Имаше многу повеќе во болидот и очигледно очекувавме повеќе, но, тоа е, што е."
"При мојот прв брз круг во Q3, предните тркала блокираа на влез во 4-от свиок, а потоа се обидов да надоместам. При мојот втор круг квалификациите беа стопирани и тоа беше тоа. Не се сеќавам дека имало толку многу црвени знамиња на една сесија, но утре се освојуваат поени и на оваа патека сè може да се случи."
"Мислам дека има многу позитиви што треба да се земат од овој викенд, темпото во секоја од сесиите беше тука и покажавме добра прогресија па можеме да бидеме задоволни од тоа."
"Утре не очекува долга трка, така што треба да работиме напорно и да се осигураме дека ќе испорачаме добар резултат. Мислам дека имаме многу силен болид, кој може да ми донесе пласман на подиумот."
Даниел Рикиардо, П13: "Очигледно ова не е начинот на кој сакав да ги завршам квалификациите. Оваа патека гризе и тоа и се случи. По ваков инцидент никогаш не се чувствувате добро и јас сочувствувам со механичарите на кои им направив дополнителна работа."
"Но тоа е она што се случува кога се обидувате да го најдете лимитот на болидот на градска патека. Направивме добар чекор во разбирањето на болидот, но сепак беше незгодно да се комплетира добар круг."
"Ќе продолжиме да работиме, трката е долга, може да се случат многу работи. Како што видовте во квалификациите, веројатно ќе има мал хаос. Се надевам дека денес ги "испукавме" сите проблеми, па утре да имаме добра трка."
"Добивме слободен избор на гуми, па да видиме дали ќе знаеме и можеме да го искористиме тоа во нашата стратегија."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БАКУ
6/05/2021 09:44:00 PM
0
Share to other apps






