Крај на квалификациската сесија во стилот на Монте Карло, под црвени знамиња. Некој поентираше, некој изгуби. Ферстапен нервозен по два виолетови сектори, Хамилтон најголем добитник. Подобро и не можеше да сонува П2. П10 за Ботас како резултат на големата помош за Хамилтон во првите брзи круга, кога дојде време за него се се распадна.
Дебитантот во Формула 1, Јуки Цунода, го направи истото како и многу поискусните возачи на гридот, пред се Даниел Рикиардо во Q2 сесијата, ги блокираше предните тркала на влез во 3-от свиок и заврши во бариерите покрај патеката.
Карлос Саинц Јр. беше веднаш зад него, кога виде дека Јапонецот е во проблеми, го изгиби својот фокус и во обид да го избегне се изврте во безбедносната зона на излетување и удри со задниот дел на болидот во бариерите, што значи во Ферари повторно ќе мора детално да го прегледаат како помина неговиот менувачот.
Но, овие црвени знамиња значеа дека Леклер остана на Пол позицијата, а уште поневеројатна беше втората позиција за Луис Хамилтон. Со оглед на тоа што Мерцедес АМГ има најдобро тркачко темпо, Британецот е најголем фаворит за победата на утрешната трка.
Сепак во нити еден момент не треба да се исклучи тимот на Ред Бул со оглед што и самите квалификации покажаа колку е лесно развејувањето на црвените знамиња.
Холанѓанецот покрај него на вториот стартен ред ќе го има неговиот поранешен тимски колега, Пјер Гасли во болидот на Алфа Таури, а од третиот ред ќе стартуваат поранешните тимски колеги од Мекларен, Карлос Саинц Јр. и Ландо Норис.
Но, тие двајца можеби нема да останат на тие позиции, Шпанецот ќе чека да види дали му е оштетен менувачот, додека стјуардите го испитуваат Норис за кршење на процедурите при црвените знамиња.
Серџо Перез, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо и Валтери Ботас го комплетираат Топ 10 пласманот. Мексиканецот не доби шанса за брз круг, исто како Цунода и Ботас, кои при првите брзи круга имаа задача да пружат заветрина за своите тимски колеги. Фернандо Алонсо го комплетираше првиот брз круг на употребени гуми, новиот сет не дочека да го искористи.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:41.218 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:41.450 | + 0.232 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:41.563 | + 0.345 |
| 4. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:41.565 | + 0.347 |
| 5. | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:41.576 | + 0.360 |
| 6. | Ландо Норис* | Мекларен | 1:41.747 | + 0.529 |
| 7. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:41.917 | + 0.699 |
| 8. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:42.211 | + 1.005 |
| 9. | Фернандо Алонсо | Алпин |
1:42.327 | + 1.109 |
| 10. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:42.659 | + 1.441 |
* казна 3 стартни места Q2 Најбрзо Време: Макс Верстапен - 1:41.625 |
||||
| 11. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:42.224 | + 0.599 |
| 12. | Естебан Окон |
Алпин | 1:42.273 | + 0.648 |
| 13. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:42.558 | + 0.677 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:42.587 | + 0.962 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:42.758 | + 1.133 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:41.545 | ||||
| 16. | Николас Латифи |
Вилијамс | 1:43.128 | + 1.583 |
| 17. | Мик Шумахер |
Хас | 1:44.158 | + 2.615 |
| 18. | Никита Мазепин |
Хас | 1:44.238 | + 2.693 |
| 19. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | / | / |
| 20. | Ленс Строл | Астон Мартин | / | / |
| 107% време: 1:48.653 | ||||
| ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - БАКУ 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:42.758 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:40.593 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:41.498 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:40.495 2021 Чарлс Леклер - Ферари - 1:41.218 | ||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||





