Следствено на тоа, тимот без поголеми проблеми до нов 1-2 пласман, а Валтери Ботас повторно го забележа најбрзото време, кое беше за четири стотинки побрзо од тоа на неговиот тимски колега, Луис Хамилтон.
Пјер Гасли го имаше третото време, со 25 стотинки заостанување зад најбрзото на Финецот.
Даниел Рикардо ги пропушти првите дваесет минути од вториот тренинг, бидејќи неговите механичари ја завршуваа промената на моторот од Мерцедес ПЕ.
На првиот тренинг, инженерите забележале проблеми, кои што не можеа да ги решат во болидот и тие се одлучија за замена со еден од моторите кои што беа користени претходно.
Останатите возачи веднаш излегоа, да ја искористат можноста за возење на сув асфалт, со најавените обилни врнежи за утре. Застанувајќи во бокс, Хамилтон го собори предниот механичар, но без посериозни последици.
На излезот од осмиот свиок, Леклер се сврте без последици за болидот. Во 37-та минута, сесијата беше прекината со црвени знамиња по излетувањето на Антонио Џовинаци.
Тој, речиси идентично како Моначанецот, изгуби контрола врз својот болид на излезот од осмиот свиок, но се изврте и заврши во заштитните бариери со задниот крај на Алфа Ромео.
Италијанецот се обиде сам да стигне до својата гаража, но тимот му нареди да застане на патеката. Паузата додека беше евакуиран неговиот болид траеше девет минути.
На крајот од тренингот, Пјер Гасли, откако премина низ жолтите рабници го изгуби предното крило на патеката и се врати во својата гаража.
Квалификациите за ГН на Русија се закажани за утре во 14:00 часот, додека саботниот тренинг ќе се одвива од 11:00-12:00, но, со оглед на временската прогноза, која најавува до 50мм. врнежи од дожд, ФИА и Формула 1 разговараат за различни опции за промена на временскиот распоред.
Трката во Формула 3 веќе е одложена за денес, а доколку дождот се покаже како силен и квалификациите во сабота не успеат да се извозат, тие ќе бидат одложени за недела наутро. Одлуката ќе биде донесена врз основа на реалните временски услови.
Со оглед на најавениот дожд, во тимот на Ред Бул се решија да ја променат Хонда ПЕ во болидот на Макс Ферстапен пред почетокот на вториот тренинг. Како резултат на тоа Холанѓанецот ќе биде дополнително казнет и ќе ја стартува трката за Големата Награда на Русија од последниот ред.
| 2021 ГН РУСИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:33.593 | 19 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.637 | + 0.044 | 22 |
| 3 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:33.845 | + 0.252 | 22 |
| 4 | Ландо Норис | Мекларен | 1:34.154 | + 0.561 | 17 |
| 5 | Естебан Окон | Алпин | 1:34.402 | + 0.809 | 23 |
| 6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:34.621 | + 1.028 | 20 |
| 7 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:34.678 | + 1.085 | 22 |
| 8 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:34.762 | + 1.169 | 21 |
| 9 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:34.837 | + 1.244 | 22 |
| 10 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:34.925 | + 1.332 | 24 |
| 11 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:34.938 | + 1.345 | 22 |
| 12 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.052 | + 1.459 | 23 |
| 13 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:35.094 | + 1.501 | 19 |
| 14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:35.178 | + 1.585 | 14 |
| 15 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:35.334 | + 1.741 | 21 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:35.411 | + 1.818 | 19 |
| 17 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:35.630 | + 2.037 | 12 |
| 18 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:35.954 | + 2.361 | 23 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:36.099 | + 2.506 | 19 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:36.230 | + 2.637 | 20 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СОЧИ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.630 2015 Фелипе Маса - Вилијамс - 2:00.458 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.583 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:34.120 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:33.385 2019 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:33.162 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:34.577 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:33.593 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||



