Долгата пауза, која започна во 1985 година, беше продолжена и минатата 2020 година, кога поради пандемијата трката беше откажана, но денес конечно завршува и Формула 1 се враќа во Холандија.
Зандворт е патека богата со историја, традиционално место за европската турнеја на трки, место каде што беа напишани престижни страници во историјата на нашиот омилен мотоспорт. Оригиналната патека можеби ја нема, но наследството живее во новата конфигурација, кој вклучува многу од оригиналните свиоци, вклучувајќи го и фантастично именуваниот Тарзан свиок, кој што обезбедува една од најспектакуларните места за претекнување.
Новата патека дава можности, кои тимовите ќе треба да бидат подготвени да ги искористат максимално, од самиот старт, па се до развејување на коцкестото црно/бело знаме за крај на трката. Секоја секунда ќе биде клучна за успех.
Конфигурацијата на патеката во Зандворт се издвојува како една од најнеобичните во Ф1 календарот, со брз, течен распоред и чувство на "старата школа". Имаме вистинска мешавина на брзи свиоци, што ќе ги стави на тест многу аспекти на перформансите на болидот и обезбедува вистински предизвик за возачите.
Зандворт нуди вистинко ролеркостер искуство за возачите, со нагорнините и удолнините помеѓу песочните дини, слично на тоа од Портимао. Еден од највпечатливите елементи на патеката се супер-брзите свиоци 13 и 14, а нагибот од 18 степени ќе додаде значително оптоварување на гумите преку овој дел, што ќе влијае на издржливоста и траењето на гумите.
Климатски, времето во Зандворт може да биде доста променливо, што може да предизвика некои потенцијални проблеми со гумите, како што се грејнинг или блистеринг. Па, со оглед на завршниот свиок, и останатите брзи свиоци, не е изненадувачки што Пирели ги избра најтврдите смеши во нивниот опсег.
Холандското Гран При ќе се одвива со 72 круга на патеката Зандворт, која е чекор во непознато за секого, но на хартија стратегијата со две или едно застанување во бокс се прилично изедначени, иако очигледно тоа зависи од голем број различни променливи, како што се температурата на патеката, како и деградација на гумите.
Во пракса, тимовите секогаш ќе гравитираат кон стратегијата со едно застанување во бокс, особено што тесната и кривулеста патека го отежнува престигнувањето. Оптималната стратегија за едно застанување во бокс се состои од почетен стинт на жолтите или црвените гуми, проследен со подолг завршен стинт на белите и најиздржливи гуми.
Почетен стинт на црвени, проследен со завршен на жолтите гуми е на самата граница на изводливост, со оглед на очекуваните стапки на абење и деградација.
Како и да е, постојат неколку варијабли кои би моќело да ја фаворизираат стратегијата со две застанувања во бокс, особено ако е жешко или ако деградацијата е поголема од очекуваната, особено за црвените гуми.
Бројот на прекини на сесиите, видени досега, исто така, сугерира дека за време на трката изгледни се шансите за излегување на безбедносниот автомобил, па дури и развеани црвени знамиња, што целосно ќе го смени текот на планираната стратегија.
Марио Изола, Пирели: "Имавме помалку стоп-старт квалификациска сесија, во согласност со она што го видовме за време на тренинг сесиите, со две црвени знамиња во вториот сегмент и неколку изненадувања."
"Имаше голема еволуција на патеката, при што најбрзите времиња доаѓаа на крајот на секоја сесија, така што тоа имаше јасно влијание врз квалификациската стратегија, со тоа што тимовите се обидуваа да ги забележат своите времиња што е можно подоцна."
"Во однос на стратегијата за трката, се е донекаде, се уште отворено, со реално остварливи стратегии со едно и две застанувања во бокс за промена на гуми. Сепак, тимовите ќе сакаат да се фокусираат на едно застанување доколку можат."
"Тоа може да се постигне со стартување на жолтите или црвените гуми, проследено со последен стинт на белите, најтврдата смеша во нашиот опсег. На патека без многу претходни информации, има простор одредени возачи да се коцкаат да направат нешто различно, што на крајот може да им се исплати."
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА ХОЛАНДИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 5. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 7. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 8. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 9. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 10. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 11. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 12. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 13. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 14. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 15. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 16. РОБЕРТ КУБИЦА - АЛФА РОМЕО | |
| 17. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 18. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | старт од пит-линија |
| старт од пит-линија | НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






