Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Сингапур.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Со промена на условите на патеката, имавме незгодни, но возбудливи квалификации. Бевме многу брзи на интермедиа гумите во Q1 и Q2, а потоа во Q3 моравме да започнеме повторно од нула на црвените гуми."
"Имаше влажни места на асфалтот, па моравме да се прилагодиме на еволуцијата на патеката. Цел викенд чувството во болидот е одлично и со нетрпение очекувам повторно да се тркам на Марина Беј."
Серџо Перез, П2: "Мислам дека денеска завршивме солидна работа, тимот имаше добри одлуки и на крај успеавме да дојдеме до одличен резултат."
"Малку сум разочаран што сум толку блиску до Чарлс на толку долга патека, нешто што те тера да мислиш дека можев да се подобрам на толку многу места, но во исто време имавме доста незгодни временски услови."
"Вчера ни беше најлошиот петок во сезоната, немавме километража и имавме проблеми со поставките, но се вративме на вистинскиот колосек и денес бевме подобри."
"Ќе се обидам со се што можам за да победам на утрешната трка. Мислам дека стартот ќе биде многу важен, па ќе пробам се, но ако тоа не успее, имам уште 61 круг, ни претстои долга трка, па да видиме што ќе се случи."
Кевин Магнусен, П9: "Целиот викенд изгледа позитивно, но не толку позитивно. П9 беше малку повеќе отколку што очекувавме, но е одлично затоа што квалификациите во Сингапур се многу важни."
"Многу сум среќен што имаме добар резултат, тимот заврши неверојатна работа. Мојот нов тркачки инженер, Марк Слејд, направи фантастична работа по пазуата на ова место, и беше беспрекорен."
"На крајот, во Q3, му кажав на тимот дека не знам што треба да направиме и каква одлука да донесеме, а тие ги повлекоа вистинските потези. Ја префрлив целата одговорност на нив и тие успеаа успешно да се извлечат од таа одговорност."
ГУБИТНИЦИ
Макс Ферстапен, П8: "Не можевме да го завршиме последниот брз круг, бидејќи немаше да имаме доволно гориво во болидот, тоа беше грешка што не ја забележавме како доаѓа во текот на целата сесија."
"Бевме малку изненадени од дополнителниот брз круг на крајот, не очекувавме дека ќе мора да го направиме тоа. Бев во добар круг кога се повлеков, можеби ќе ја имавме Пол позицијата."
"Требаше да ja завршиме работата во претпоследниот круг, наместо тоа морав да прекинам два круга, но тоа е што е. Ќе видиме што можеме да направиме утре, но мислам дека ќе биде фрустрирачка трка, осмата позиција на гридот е слична на таа во Монако, нема многу можности за претекнување и навистина е тешко да се престигне."
Џорџ Расел, П11: "Се мачев со проблем поврзан со сопирачките. Грипот беше добар, но едноставно не можев нормално да ги поминам свиоците."
"Мислам дека немаше да бидеме подобри во Q3, поради тој проблем. Видовме одредени индикации во податоците и се надевам дека ќе можеме да ги решиме до утре."
"Очигледно, тоа е разочарувачки за мене и за целиот тим бидејќи болидот изгледаше моќно на оваа патека. Луис беше брз, но за жал, јас не можев да имам подобар пласман."
"Ова сè уште е охрабрувачки викенд за сите нас, но очигледно, ние сме тука да освоиме поени и на крајот ова е патека каде квалификациите се клучни. За среќа, деградацијата изгледа дека е значајна, па утре може да имаме трка со две застанувања во бокс."
Естебан Окон, П18: "Денес имавме тешки квалификации за мојата страна од гаражата и разочаран сум што испаднав во Q1, особено затоа што цел викенд имавме силно темпо."
"Чувствував проблем со сопирачките, што ја попречи нашата денешна сесија. Позитивно е што болидот е добар и целта сега е да го искористиме тоа темпо за утре да се пробиеме до бодовните позиции."
"Престигнувањето е тешко, но како и секогаш ќе притискаме силно за да обезбедиме добар тимски резултат."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА МАРИНА БЕЈ
10/01/2022 08:02:00 PM
0
Share to other apps