Чарлс Леклер го забележа најбрзото време на квалификациите за Големата Награда на Сингапур, освојувајќи ја деветтата Пол позиција сезоната и 18-та во неговата кариера.
Моначанецот, во многу деликатни и променливи услови, ги победи Ред Бул и Мерцедес АМГ во тесна битка. Првиот стартен ред ќе го дели со Серџо Перез, од вториот трката ќе ја започнат Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр., од третиот Фернандо Алонсо и Ландо Норис. Лидерот во шампионатот Макс Ферстапен само со осма позиција.
Гледавме многу интересни квалификации, со влажен асфалт од самиот почеток и услови кои се подобруваа со секоја измината минута, па веќе на почетокот на Q3 стигна време за гумите за суво време.
Но, Леклер беше брз во сите услови. Од самиот почеток, Моначанецот бележеше добри времиња на интермедија гумите и веќе во Q2 го имаше најдоброто време на сесијата.
Сепак, Q3 беше поинаква приказна, бидејќи на болидите за прв пат беа монтирани гуми за суво и беше неопходно да се даде максимумот во вистинското време. И Чарлс Леклер, со последен брз круг го направи токму она што се бараше од него, плус среќата беше на негова страна.
Секако, треба да се истакне дека најбрзите четири возачи ги делат помалку од две десетинки. Макс Ферстапен, кој по грешката во последниот брз круг, не можеше да го комплетира бонус кругот, и беше само осми најбрз.
Во меѓувреме, Фернандо Алонсо уште еднаш ја направи својата вообичаена магија за да го стави Алпин на петтата позиција, нешто повеќе од половина секунда зад најбрзото време.
Трката за Големата Награда на Сингапур е закажана за 14:00 часот. За сите оние кои немааат можност да гледааат пренос на спортклуб, линк од Скај Ф1 имате на нашиот блог.
Формула 1 се врати во Сингапур по двегодишна пауза, поголемиот дел од ограничувањата беа укинати, а трибините беа исполнети дури и на дождот што врнеше на патеката во саботата попладне.
Квалификациите во Сингапур решаваат речиси сè, барем така беше досега, утрешната трка и 2022 болидите ќе пробаат да го демантираат ова тврдење. Во изминатите дванаесет трки на оваа градска патека, освојувачот на Пол позицијата е победник на трката во осум години.
На петочните тренинг сесии, Карлос Саинц Јр. го имаше најдоброто време, а денес Чарлс Леклер возеше најбрзо на патеката на асфалтот кој се сушеше по обилните врнежи.
Дождот ја намали температурата на воздухот и ја зголеми влажноста, до почетокот на квалификациите асфалтот беше речиси целосно сув, но на места имаше влажни места.
Возачите ја поминаа Q1 сесијата на интермедиа гуми. Во некои области се појавуваше водена прашина зад болидите, па сите возачи работеа во низа кругови, постепено зголемувајќи ја брзината. Патеката стануваше побрза со секоја измината минута.
Магнусен, Леклер, Албон и Алонсо имаа кратки излегувања во безбедносните зони, без никакви последици по нивните болиди. Макс Ферстапен го имаше најбрзото време, десетинка пред Луис Хамилтон.
Болидот на Окон имаше проблеми со сопирачките, па немаше шанси да се бори за влез во Q2 сесијата. На крајот од овој сегмент, квалификациите беа завршени за Валтери Ботас, Даниел Рикиардо, Естебан Окон, Алекс Албон и НиколасЛатифи.
Во Q2 сесијата, возачите повторно излегоа на патеката на интермедиа гуми и серија на кругови, постепено доведувајќи ги гумите во режим на работа. Во првиот брз круг Чарлс Леклер поведе на табелата со време кое нити еден возач не можеше да го подобри до крајот на сесијата.
Ленс Строл, Себастијан Ветел и Џоу Гуанју беа првите кои се префрлија на црвените гуми за суво време, но не успеаја да се подобрат, бидејќи се уште беше прерано за овој ризик.
Но од друга страна Џорџ Расел беше на вистинскиот сет на гуми, интермедија, но влажната патека не му легна па на изненадување на сите мораше да ги заврши квалификациите на П11. Покрај него од понатамошната борбаа отпаднаа и Ленс Строл, Мик Шумахер, Себастијан ветел и Џоу Гунају.
Во Q3, Јуки Цунода и Кевин Магнусен ги избраа интермедиа гумите за првото возење, а останатите тргнаа на гуми за суво време. Најмеката смеша, црвените гуми, беа вистинскиот избор за серија брзи кругови.
На почетокот изгледаше дека Луис Хамилтон е решен да забележи Пол позиција, но потоа приматот го презеде Чарлс Леклер. Најбрзите три возачи беа во разлика од само пет стотинки, што доволно кажува колку неизвесни беше борбата за Пол позицијата.
ДРАМАТИЧНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЛЕКЛЕР НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
10/01/2022 05:09:00 PM
0
Share to other apps