Макс Ферстапен забележа нова Пол позиција за Големата Награда на Сао Пауло, иако во овој случај тоа можеби не беше очекувано и премногу лесно.
Холанѓанецот мораше да го прикаже целиот свој талент во деликатните услови во Q3 сегментот и да го победи Чарлс Леклер за две десетинки.
Болидите на Астон Мартин, повторно се појавија на врвот и ќе стартуваат од вториот стартен ред.
Денес гледавме интересни квалификации со многу блиски разлики, при што Q1 и Q2 сесиите имавме сува патека, но во Q3 возачите имаа шанса за само еден обид пред да дојде дождот. Тие што чекаа подолго во своите гаражи, како возачите на Мекларен, го немаа тој луксуз.
Во оваа ситуација, Ферстапен во брз круг на "се или ништо" леташе на патеката кон својата 31-ва Пол позиција во Формула 1 со речиси три десетинки разлика пред Чарлс Леклер.
Возачите на Астон Мартин беа паметни да започнат први во Q3, со што го обезбедија вториот ред, со Ленс Строл на третата и Фернандо Алонсо на четвртата стартна позиција.
Дуото на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, следуваат на петтата и шестата позиција, а Ландо Норис, кој изгледаше импресивно брз во Q2, мораше да се задоволи со седмото место на табелата.
Карлос Саинц Јр. ја заврши сесијата на П8, додека Серџо Перез и Оскар Пјастри го заокружуваат пласанот на најбрзите 10 возачи.
Џорџ Расел, Естебан Окон и Пјер Гасли ќе загубат две позиции на стартот на неделната трка за Големата Награда на Сао Пауло.
Возачот на Мерцедес АМГ и возачите на Алпин се казнети затоа што го попречуваа излезот од боксевите и не ги почитуваа упатствата на тркачкиот директор да се позиционираат што е можно полево доколку сакаат да ја намалат брзината за да создадат разлика во однос на болидот пред нив.
Како резултат на казната, Џорџ Расел ќе падне на осмото место на стартот, зад Ландо Норис и Карлос Саинц Јр., додека Естебан Окон и Пјер Гасли трката ќе ја започнат од П14, т.е. П15.
ФЕРСТАПЕН НА ПОЛ, АСТОН МАРТИН НА ВТОРИОТ СТАРТЕН РЕД
11/03/2023 05:59:00 PM
0
Share to other apps