Карлос Саинц Јр. беше најбрз на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Сао Пауло. Чарлс Леклер се погрижи да ги собере насловите за тимот на Ферари со второто најбрзо време, пред Џорџ Расел на жолтите гуми.
Италијанците беа единствениот водечки тим што ги користеше црвените гуми за да забележи време, поради што поредокот на табелата е повеќе од нерелевантен за оваа тренинг сесија.
Причината за избегнување на најмеката смеша е што се очекува црвените гуми да играат водечка улога во Спринтот и трката, и затоа поголемиот дел од тимовите избраа да зачуваат што повеќе сетови.
Резултатот е толку нерепрезентативен што возачот кој го постави рекордот во првите два сектори, Оскар Пјастри, го прекина својот најбрз круг наместо да го заврши. Мекларен, како и Ферари, се осмели да излезе на патеката на црвените гуми, но не го комплетираше.
Да го извозеше до самиот крај, најверојатно ќе беше на врвот на табелата, бидејќи беше 20 илјадитинки побрз во однос на Карлос Саинц Јр.
Ова беше единствениот тренинг пред останатите сесии од викендот, инженерите имаат време до почетокот на КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 19:00 МК, да "наштелуваат" што мислат дека ќе донесе забрзување на болидите, а потоа тие заминуваат во режим на затворен паркинг каде не се дозволени никакви промени на подесувањата на болидите.
Организаторите на Големата Награда на Сао Пауло и Либерти Медиа го продолжија договорот до 2030 година.
Стефано Доменикали, извршен директор на Формула 1: "Со задоволство можам да објавам дека ќе останеме во Интерлагос до 2030 година и дека има уште многу години пред посебната атмосфера што ја создаваат бразилските фанови."
"Бразил има богато тркачко наследство, а оваа легендарна патека ја сакаат возачите и фановите ширум светот. Таа го отелотворува најдоброто од трките и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се развива со текот на годините."
На последниот тркачки викенд во Мексико Сити, стјуардите на ФИА ги разгледуваа постапките на Џорџ Расел, Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо кога застанаа на излезот од боксот.
Возачите ги објаснија своите постапки велејќи дека сакале да создадат разлика со болидите пред себе, но не можеле да го направат тоа директно на патеката.
Во Мексико Сити, стјуардите не ги казнија, но пред почетокот на тркачкиот викенд во Сао Пауло, тркачкиот директор на ФИА, Нилс Витич, издаде упатства според кои на возачите им се забранува да застанат на излезот од боксот за време на квалификациите.
"На возачите не им е дозволено да возат неразумно бавно, вклучително и запирање на болидот на пит-линијата за време на квалификациите и спринт престрелката."
"Возачите ќе може да забават или застанат по минување на семафорот на излезот од боксевите и пред втората линија за безбедносно возило."
"Секој возач што сака да застане за да создаде разлика, мора да оди што е можно повеќе налево и да ги остави сите други да поминат десно од него кога излегуваат од боксевите."
Хас е единствениот тим кој донесе новини во Бразил.
ФЕРАРИ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
11/03/2023 03:08:00 PM
0
Share to other apps