Ландо Норис беше најбрз на крајот од првата тренинг сесија за Големата Награда на Катар. Лидерот во шампионатот го победи Макс Ферстапен за 0.008 делови од секундата благодарение на силниот трет сектор.
Чарлс Леклер со Ферари беше исто така многу блиску до битката за првото место, завршувајќи само 16 илјадитинки зад најбрзото време.
Андреа Кими Антонели заврши четврти. Вреди да се напомене дека Ферстапен, Леклер и Мерцедес АМГ користеа сет на бели и сет на црвени гуми, додека Мекларен, со Норис и О'Вард, избегнуваа да ги користат белите гуми и користеа сет жолти гуми.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ, 14:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Запомнете дека секој возач, двапати годишно, мора да го предаде својот болид на возач почетник, а многу тимови обично го избираат Абу Даби, бидејќи условите за првиот тренинг не се совпаѓаат со оние на квалификациите и трката.
Во овој случај имавме девет почетници, а патеката беше многу лизгава и покриена со песок и асфалт со температура од 35 степени Целзиусови.
Вреди да се напомене дека времето на Норис не беше побрзо од најдоброто време на истата оваа сесиија од минатата година.
Вториот слободен тренинг ќе започне во 14:00 часот по Македонско време, и кој ќе ни даде многу пореален увид во тоа како стојар работите на патеката Јас Марина.
ТРЕНИНГ ЗА МЛАДИ ВОЗАЧИ, НОРИС НАЈБРЗ НА ЈАС МАРИНА
12/04/2025 11:26:00 PM
0
Share to other apps




