Ландо Норис ја заврши втората тренинг сесија со доминантно водство, надополнето со одлично тркачко темпо.
Единствената грижа на Мекларен ќе биде правилно подесување на подот, по нивната дисквалификација во Лас Вегас.
Макс Ферстапен го искористи максимално своето време на патеката, возејќи долг период на жолти гуми.
Во оваа долга серија постојано ги зголемуваше своите времиња во втората половина, на крајот губејќи секунда по круг од Норис.
Оскар Пјастри беше далеку од своите можности. Гаражата на Мекларен нема да биде иста за овој викенд. Борбата за шампионската титула помеѓу Ландо Норис и Оскар Пјастри ги натера да изградат ѕид помеѓу двата болиди.
Податоците нема да бидат споделувани. Нема да разменуваат технички информации и ќе има два одделни брифинзи со секој од возачите.
Оливер Берман и возачите на Заубер исто така имаа силен настап, каде може да се смести и Исак Хаџар.
Сите тие завршија пред Чарлс Леклер, кој беше осми на табелата со болидот на Ферари.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ, 11:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија која изгледаше како тест за возачи почетници и на која Ландо Норис го победи Макс Ферстапен за само осум илјадити делови од секундата, втората сесија започна на зајдисонце на хоризонтот и асфалтот на 31 степен.
Немаше време за губење, бидејќи ова е најрепрезентативната сесија на Јас Марина патеката.
Лиам Лосон беше првиот што излезе на патеката, по него следеше долг список на возачи.
Освен двајца возачи на бели гуми, Франко Колапинто и Нико Хулкенберг, и тројца на црвени, Исак Хаџар и возачите на Хас, сите останати беа на жолтите пневматици.
Првото забележано време, 1:27.381,беше на Пјер Гасли со болидот на Алпин. За брзо времињата се спуштија во опсег на 1:25, а Кими Антонели и Карлос Саинц Јр. беа одвоени само за четири илјадити делови од секундата.
Кратко потоа, Макс Ферстапен постави одлично време од 1:24.798 во својот прв круг, четири десетинки побрзо од Ландо Норис и Чарлс Леклер.
Сепак, Оливер Берман и Исак Хаџар имаа поконкурентни времиња од Ферстапен, па така Французинот поведе со 1:24.167, но двајцата беа на црвените гуми.
На Оскар Пјастри му требаа неколку минути за да излезе на патеката поради мал проблем со неговиот Мекларен и, откако не учествуваше на првиот тренинг, стартуваше со 1:25.492 и 1:25.098.
По првата четвртина од сесијата, Макс Ферстапен се подобри на 1:24.399 и беше само две десетинки зад Хаџар, но потоа Ландо Норис во својот осми круг на жолтите гуми беше побрз со 1:24.292.
Оскар Пјастри, неколку секунди подоцна, постави време од 1:24.434. Првата третина од сесијата заврши со најбрзото време на Оливер Берман од 1:23.968.
Меѓу кандидатите за титулата, Норис водеше и беше за нешто повеќе од една десетинка пред Ферстапен и Пјастри.
Во втората третина од сесијата беше време за црвените гуми и квалификациски кругови. Макс го имаше првото време од 1:23.446, со што го подобри најдоброто време од минатата година на вториот тренинг.
Ландо Норис забележа време од 1:23.517. Сепак, Хулкенберг заостануваше само една десетинка од секундата, па се чинеше дека има простор за големо подобрување.
Лидерот во шампионатот неколку минути подоцна го имаше најбрзиот круг од 1:23.083, победувајќи го Ферстапен за 363 и Расел за 379 илјадити делови од секундата.
Оскар Пјастри, пак, беше речиси седум десетинки зад својот тимски колега, но со големо блокирање на тркалата во третиот сектор.
Немаше подобрување на времето од Норис, па британецот ја заврши сесијата на врвот на табелата, следен од Ферстапен, Расел, Берман и возачите на Заубер.
Првите петмина беа во разлика од половина секунда еден од друг, а Хаџар, Леклер, Алонсо и Антонели комплетираа многу тесен топ десет поредок, со помалку од седум десетинки помеѓу првиот и десеттиот.
Оскар Пјастри заврши единаесетти, пред Ленс Строл, Карлос Саинц Јр. и Луис Хамилтон.
Откако беа завршени квалификациските симулации, тимовите во последната третина од сесијата се фокусираа на долги стинтови, па така распордот на табелата останаа непроменет до крајот на сесијата.
МЕКЛАРЕН ДОМИНАНТЕН НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
12/05/2025 12:12:00 PM
0
Share to other apps





