Пастор Малдонадо со Лотус успеа да биде пред Луис Хамилтон, кој можеби беше најфрустрираниот возач на денешните тренинг сесии. Тој не можеше да го смири својот болид и често излетуваше надвор од патеката. До толку беше изнервиран, што не успеа да забележи брзо време на супер-меките гуми на Пирели поради грешките и во двата свои обиди за брз круг.
Проблемите на Себастијан Ветел, кои започнаа на првиот тренинг се покажа дека се поврзани со неговиот менувач, па иако го забележа најбрзото време, повеќе од 75% од неговата тест програма за денес не беше помината.
Во интервјуата по завршување на тренингот, тој не беше премногу расположен, изјави дека не знае што е проблемот со менувачот, само дека сензорите покажале предупредувачки знаци, но и дека не очекува казна од 5-стартни места поради промена на менувач.
Валтери Ботас и Фелипе Маса, возачите на Вилијамс, на овој тренинг беа резервирани, како што беше често случај досега оваа сезона, за да блеснат во Сабота.
Многу проблеми на оваа патека за возачите на Мекларен, на кои им се придружи и Даниел Рикиардо, исто така, со многу малку завршена тест програма.
Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, по кој од 14:00 часот следува Квалификационата сесија.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ферари 1:09.600 28
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:09.611 + 0.011 50
3. Кими Раиконен Ферари 1:09.860 + 0.260 41
4. Пастор Малдонадо Лотус 1:09.914 + 0.314 44
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:10.137 + 0.537 49
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:10.160 + 0.560 49
7. Роман Грожан Лотус 1:10.267 + 0.667 38
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:10.356 + 0.756 48
9. Фелипе Наср Заубер 1:10.495 + 0.895 39
10. Серџо Перез Форс Индија 1:10.585 + 0.985 46
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:10.631 + 1.031 50
12. Дањил Квјат Ред Бул 1:10.686 + 1.086 48
13. Маркус Ериксон Заубер 1:10.744 + 1.144 40
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:10.746 + 1.146 34
15. Фелипе Маса Вилијамс 1:11.011 + 1.411 42
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:11.517 + 1.917 17
17. Даниел Рикардо Ред Бул 1:11.676 + 2.076 38
18. Џенсон Батон Мекларен 1:11.919 + 2.319 17
19. Вил Стивенс Манор 1:12.522 + 2.922 34
20. Роберто Мери Манор 1:13.094 + 3.494 34
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542