Формула 1 го продолжи договорот за Големата Награда на Австрија до 2041 година. Трката во Шпилберг е вистинска прослава за Штаерска и Австрија.
Прослава заради прослава, каде што комерцијалните размислувања отсекогаш биле ставени во втор план. Дитрих Матешиц остави зад себе извонредно наследство, вклучувајќи трка од Формула 1 во неговиот роден регион.
По смртта на Дитрих, империјата што ја создаде беше потресена од борба за власт, скандали и интриги, оставајќи ги клучните фигури надвор од функцијата, а новото раководство е без светли идеи.
Вреди да се признае дека Матешиц беше сосема уникатна фигура, споредлива со вистинските столбови на Формула 1, како што е Енцо Ферари, чии наследници исто така тешко можат да го достигнат поставеното ниво.
Интересно е да се види дали Лоренс Строл, кој вложи сè што имаше во кариерата на својот син, тимот и Астон Мартин, на крајот ќе успее.
Тие ги привлекоа најдобрите таленти, но досега, сè што постигнаа е неуспех. Сепак, во негово време, на Матешиц му беа потребни години пред тимот што го создаде да почне да победува.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Патеката се наоѓа на Алпите на надморска височина од околу 660 метри. Таа има STOP/GO карактеристики, со висока просечна брзина, висока максимална брзина и средно побарување во однос на потисната сила.
Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Има три места каде максимално се оптоваруваат сопирачките, но времето кое возачите остануваат со ногата на сопирачката е релативно ниско и се проценува на околу 9 секунди.
Сопирањето е во блиски интервали и тоа го отежнува ладењето на сопирачките, но и поради присуството на поредок воздух.
Патеката нуди повеќе можности за претекнување, не само поради присуството на четирите зони на активна аеродинамика, туку и нејзината широчина од 12 метри.
Сепак, главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина.
Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Големата Награда на Австрија се состои од 71 круга поради кратката должина на патеката. Пирели ги номинираше најмеките смеши од својот опсег.
На хартија, најбрзата стратегија се чини дека е со две застанувања во бокс, со почетен стинт на жолти, потоа префрлување на бели, за крај повторно назад на жолтите гуми. Или за оние кои имаат на располагање два комплети бели гуми, уште еден стинт на наjтврдата смеша за оваа трка, C3.
Стратегијата со три застанувања за промена на гуми е возможна, особено ако има излегување на БВ или ВБВ. Омилената стратегија на Ферари од минатата трка, возена на патеката Каталуња.
Дарио Марафуски, Пирели: "Повторно се чини дека ќе имаме трка која може да понуди интересна стратешка перспектива. Според нашите симулации, стратегиите со две застанувања се најдобрите опции."
"Жолтите и Белите смеши покажуваат слична деградација на долги стинтови и затоа може да се сметаат за заменливи, со мала предност во грипот за жолтите гуми."
"Почнувајќи со C4, тимовите кои сè уште имаат два сета бели гуми на располагање би можеле да ја завршат трката користејќи ги обете. Алтернативно, оние кои зачувале два сета жолти гуми може да изберат да возат со C3 во средниот стинт и да монтираат нов сет C4 кон крајот."
"Некои тимови ги тестираа и црвените гуми, што можеби укажува на нивна можна употреба на почетокот, искористувајќи го дополнителниот грип."
"Постои опција со три застанувања во бокс, повторно стартувајќи со црвените гуми, кои, ако се добро менаџирани, би можело да се покажат како доста ефикасни."
"Во Шпилберг, како и на Каталуња, пораното влегување во бокс може да се покаже доста значајно, па некои возачи може да изберат да ги надмудрат своите ривали со многу рано прво запирање, а потоа да ги користат сите три достапни смеши во текот на остатокот од трката."
"Оваа стратегија е околу неколку секунди побавна кога се зема предвид сообраќајот и потребното престигнување, но на чист воздух всушност е побрза од две запирање."
"Затоа, некои тимови може да бидат подготвени да се коцкаат. На крајот на краиштата, сеќавањето е сè уште свежо за тоа како Хамилтон ја обезбеди победата во Каталуња со сличен потег."
Колку интересна сезона се очекуваше да биде оваа година, и колку многу сè уште има пред нас. Во првата година од новата регулатива, тимовите секогаш прават големи чекори напред, брзо се менуваат, ги напуштаат некои решенија во корист на други.
Тие веќе успеаја да ги забележат најинтересните идеи од своите ривали, а паузата поради откажувањето на двете трки на Блискиот Исток им даде можност да ги имплементираат.
Ферари направи значителни подобрувања во Каталуња. На патеката каде што перформансите на болидот се особено важни и забележливи, Луис Хамилтон загуби од Џорџ Расел, кој ја освои пол позицијата, за само 0.069 во квалификациите и победи на трката, со што ја прекина победничката серија на Мерцедес АМГ од почетокот на сезоната. Оваа недела во Шпилберг, Ферари доби помоќен мотор.
Кој можеше да замисли пред почетокот на сезоната дека Антонели и Хамилтон ќе го предводат пласманот кај возачите по шест трки?
Ферари очигледно е на вистинскиот пат. На Фред Васер му требаше време и трпение, но неговите идеи и методи функционираат.
Ред Бул го претстави своето прво поголемо ажурирање во сезоната, со кое се надева дека ќе се врати на победничките патеки, но праксата ги демантираше.
Болидот е полесен, а аеродинамиката поефикасна, Ред Бул прави сè што е можно за да го врати победничкиот ритам на Макс Ферстапен, а тоа е најдобриот начин да го задржи во тимот.
Европскиот дел од сезоната, поради близината на фабриките, ќе биде и трка во развојот на болидите, каде што најпрецизните и најефикасните тимови ќе излезат како победници.
Но, ова бара вистински алатки, така што најсилните тимови имаа големи шанси повторно да бидат најсилни.
Откако ќе заврши европската турнеја, повеќето тимови ќе се фокусираат на болидот за следната сезона, освен оние кои ќе се борат за титулата.
Петокот и саботата беа топли и суви во Шпилберг, а денес се очекува да биде најжешкиот ден од викендот.
Возачите ќе го започнат формацискиот круг во 15:00 часот. Дотогаш воздухот ќе се загрее до 34 степени со сончево време. Веројатноста за врнежи за време на трката не е поголема од 7%.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА АВСТРИСКОТО ГРАН ПРИ
6/28/2026 11:51:00 AM
0
Share to other apps









