Луис Хамилтон победи со Ферари во Формула 1. Тој го стори тоа речиси две години по последната негова победа, овој пат во црвено.
Неговата прва победа со Ферари го зацврстува неговиот статус како најуспешен возач во историјата на патеката Каталуња, осум победи наспроти седумте на Шумахер.
Стратегијата беше ѕвездата на шоуто. Хамилтон ја искористи стратегијата од три застанувања за промена на гуми, додека останатите се одлучија за две, но и периодот на виртуелното безбедносно возило се погоди во вистинскиот момент.
Џорџ Расел водеше удобно од самиот старт на трката, но Луис го искористи овој период за да го направи својот последен пит-стоп без да изгуби премногу време.
Ландо Норис го наследи третото место на подиумот откако Андреа Кими Антонели се откажа поради механички дефект само неколку круга пред крајот.
Момент на одлука на победникот. Во 40-тиот круг, Фернандо Алонсо се откажа, што беше совршено за Луис Хамилтон.
Болидот на Астон Мартин остана заглавен на патеката во 9-тиот свиок, по беше беше воведен период на виртуелно безбедносно возило, што му овозможи на Хамилтон да го направи својот последен пит-стоп без да го изгуби привременото водство.
По овој период, кога доби нов сет на бели гуми, кои требаше да ги добие по 7-8 дополнителни кругови, тој беше лидер на трката и имаше предност во гумите, шест круга понови од Расел и пет од Антонели. На оваа патека, тоа беше огромна предност.
Возачите на Мерцедес АМГ беа во неповолна положба. Џорџ Расел немаше темпо на белите гуми и го забавуваше својот тимски колега, кој имаше далеку побрзо темпо од него.
Па, така, кога двајца се караат, трет користи.
Во 61-от круг, Андреа Антонели го нападна Џорџ Расел од внатрешната страна на првиот свиок и се најде на второто место со брилијантен маневар на сопирање.
Во меѓусебната битка Кими Антонели не го штедеше болидот на Мерцедес АМГ, кој се покажа "кревок" кога ќе се преотовари. Дали повторно откажа електриката, наскоро ќе дознаеме, но Кими остана без бодови на оваа трка.
Неговото откажување го врати Расел на второто место, а Ландо Норис се искачи на последното скалило на победничкиот подиум.
Малку подалеку, Макс Ферстапен и Чарлс Леклер се бореа за петтото место, а Оскар Пјастри се смести на седмото место.
Виртуелното безбедносно возило го фаворизираше Хамилтон, но го казни Чарлс Леклер, кој застана во бокс само неколку секунди порано.
Монеганецот имаше добра трка, тој се обиде да ја надомести својата квалификациска катастрофа со одлично темпо, но лошата среќа и техничкиот проблем со серво воланот на крајот резултираа со уште една нула, втора последователна.
Макс Ферстапен го задржа петтото место пред Оскар Пјастри и Исак Хаџар, сите протагонисти на трка која беше незабележителна од нивни аспект. Важни поени за двата возачи на Алпин и Лиам Лосон со болидот на Рејсинг Булс.
Формула 1 се враќа во акција на 28 јуни со трката за Големата Награда на Австрија која се вози на патеката Ред Бул Ринг.
ДЕБИ ПОБЕДА НА ЛУИС ХАМИЛТОН СО ФЕРАРИ
6/14/2026 02:42:00 PM
0
Share to other apps





