Луис Хамилтон повторно доминираше на својата домашна патека, Силверстоун.
Британецот беше само една стотинка побрз од Кими Антонели, за обезбедување на првата стартна позиција за Спринтот од Големата Награда на Британија. Останатите возачи беше повеќе од три десетинки од секундата зад него.
Ако некој можеше да најде нешто дополнително во Силверстоун, тоа беше Луис Хамилтон. По Австрија, Мерцедес АМГ изгледаше како болидот што треба да се победи, но Британецот со Ферари беше најбрз во сите петочни сесии, а единствен ривал му беше Кими Антонели.
Макс Ферстапен, Чарлс Леклер, Џорџ Расел и возачите на Мекларен, распоредени од третата до седмата стартна позиција беа разделени во илјадити делови од секундата.
Рејсинг Булс се дистанцираа како најдобар тим од останатите, со Лиам Лосон пред Арвид Линдблад за да ги комплетираат најбрзите десет возачи.
Формула 1 се враќа во акција со саботниот Спринт, чиј почеток е закажан за 13:00 часот. Потоа ќе се продолжи со вистинските Квалфикации во 17:00 часот по Македонско време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По една тренинг сесија во која доминираше Луис Хамилтон, Спринт квалификациите започнаа со целосно сув асфалт и температура од 43 степени.
Возачите на Кадилак беа првите што излегоа на патеката. Кратко потоа, неколку други возачи исто така се наредија на излезот од боксевите. Сите тие, се разбира, беа на задолжителните жолти гуми.
Првото време на SQ1 сесијата беше 1:31.862 од Серџо Перез. Кими Антонели беше првиот од фаворитите што комплетираше брз круг, поставувајќи време од 1:29.818.
Во првите обиди, возачите на Ферари беа побрзи од тие на Мерцедес АМГ. Луис Хамилтон започна со 1:29.582, а Чарлс Леклер со 1:29.793. Изненадувањето дојде кога Исак Хаџар беше подобар од сите нив со 1:29.470.
Во нивниот втор обид, возачите на Ферари повторно беа многу брзи и ја завршија сесијата со еден-два финиш. Хамилтон постави време од 1:29.273, една десетинка пред Леклер. Исак Хаџар беше една десетинка зад Моначанецот, а по него следеа Пјастри, Расел и Ферстапен.
Од друга страна на табелата, возачите на Вилијамс и Франко Колапинто во последен момент успеаја да се пласираат на SQ2, а елиминирани беа: Оливер Берман, Естебан Окон, Серџо Перез, Валтери Ботас, Фернандо Алонсо и Ленс Строл. Хас, Кадилак, Астон Мартин.
За SQ2 сесијата, асфалтот беше на температура од 41 степен Целзиусов. Овој пат имаше поголемо брзање да се излезе на патеката, повторно задолжително на жолти гуми.
Нико Хулкенберг постави почетно време од 1:29.729, а по него следеше Карлос Саинц Јр. со 1:30.197. Сепак, кога се појави Луис Хамилтон, тој го врати водството со 1:28.747. Кими Антонели овој пат беше многу блиску, заостана само 99 илјадитинки.
Чарлс Леклер беше трет, со заостанување од една десетинка, пред Оскар Пјастри и возачите на Ред Бул. Џорџ Расел беше осми.
Возачите на Ауди дотогаш го комплетираа топ 10 поредокот, но возачите на Алпин и Рејсинг Булс започнаа малку подоцна, со поинаква стратегија во обид да се направи најдобриот круг на крајот од сесијата.
Никој не успеа да го подобри времето на Луис Хамилтон, па Британецот заврши на врвот на табелата, а по него следуваа Антонели, Леклер и изненадувачкиот Лиам Лосон.
Ландо Норис помина на десеттото место и ги елиминираше Пјер Гасли, Габриел Бортолето, Нико Хулкенберг, Франко Колапинто, Карлос Саинц Јр. и Алекс Албон.
Луис Хамилтон во двете првични сегменти од Спринт квалификациите ја најави кандидатурата за првата стартна позиција за Спринтот. Се чинеше дека нема кој да му ја одземе...
Последната SQ3 сесија започна на асфалт загреан на 39 степени Целзиусови. Како што е пропишано со прописите, сите возачи ја започнаа оваа сесија со црвените гуми на Пирели.
Возачите излегоа на патеката во последен момент. Сесијата веќе беше започната, но никој не сакаше да излезе сè до последните три минути.
И во таа ситуација, Луис Хамилтон повторно беше најбрзиот возач. Британецот го комплетираше мини хет-трикот, беше најбрз во трите сегменти, со време од 1:28.376, што беше доволно за да го победи Антонели за само 11 илјадити делови од секундата.
Останатите беа повеќе од три десетинки од секундата зад нив. Макс Ферстапен беше трет, по него Леклер, Расел, Норис, Пјастри и Хаџар, разделени во само 0.075 делови од секундата.
Лиам Лосон убедливо го победи Линдблад кој го комплетираше поредокот на најбрзите десет возачи.
ЛУИС ХАМИЛТОН ПОБЕДНИК НА СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
7/03/2026 03:29:00 PM
0
Share to other apps






