Мерцедес АМГ конечно ја пронајде вистинската формула во Силверстоун.
Кими Антонели доминираше во квалификациите за Големата Награда на Велика Британија, победувајќи го Чарлс Леклер, кој овој пат успеа да го престигне Луис Хамилтон, за 175 илјадити делови од секундата и ја освои Пол позицијата.
Оваа квалификациска сесија беше различна од вчерашните Спринт квалификации. Кими Антонели изгледаше многу поудобно во болидот на Мерцедес АМГ и не им даде никаква шанса на возачите на Ферари.
Италијанецот ја обезбеди својата петта Пол позиција во Формула 1, завршувајќи 175 илјадити делови од секундата пред Чарлс Леклер и повеќе од три десетинки пред Луис Хамилтон.
Проблемите на Џорџ Расел продолжуваат. И покрај тоа што беше втор по првото возење во Q3, а Мерцедес АМГ имаше привремен еден-два пласман, тој не можеше да го подобри своето време во својот последен обид и заврши четврти.
Всушност, може да биде благодарен за таа четврта позиција, бидејќи доживеа мал судир во Q1 сесијата и беше блиску до елиминирање од квалификациите.
Вреди да се напомене дека Исак Хаџар се квалификуваше петти, победувајќи го Макс Ферстапен, кој успеа да се пласира само на седмото место.
Возачите на Ред Бул и тие на Мекларен повторно беа испреплетени, а Арвид Линдблад и Лиам Лосон повторно ги комплетираа најбрзите десет возачи.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЗА ТРКАТА, 16:00 MK, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По спринтот во кој Кими Антонели докажа дека Мерцедес АМГ е болидот што треба да се победи во Силверстоун, квалификациите се одржаа со целосно сув асфалт и температура од 44 степени.
Во Q1 сесијата многу возачи брзо излегоа на патеката, а стана вообичаено меѓу првите да се возачите на Кадилак. Првото забележано време беше тоа на Серџо Перез од 1:32.199.
Фаворитите излегоа за својот прв обид со користен сет на црвени гуми. Меѓу нив, Чарлс Леклер беше најбрз со 1:29.534, по што следеа Хамилтон и Антонели за една десетинка од секундата.
Џорџ Расел имаше незгоден почеток на сесијата. Тој излета од патеката во свиокот Лафилд и имаше мал контакт со заштитните бариери, но некако успеа да се извлече од чакалот и стигне до својата гаража.
Во последните брзи круга, возачите на Ред Бул поставија нови гуми и Исак Хаџар заврши на врвот, иако со само 24 илјадити делови од секундата разлика пред Лиам Лосон.
Елиминирани беа следните возачи: Естебан Окон, Валтери Ботас, Франко Колапинто, Серџо Перез, Ленс Строл и Фернандо Алонсо.
Температурата на патеката за Q2 сесијата опадна за некој степен, овој пат беше 41 степен Целзиусов, но се појавија налети не ветер на кои некои возачи не можеа да се навикнат.
Возачите на Ред Бул беа првите што излегоа на патеката, на употребен сет на црвени гуми. Исак Хаџар постави време од 1:29.183, а Макс Ферстапен, кој се жалеше на проблеми со моторот, заостана една десетинка.
Луис Хамилтон, на нов сет од најмеките гуми, брзо го презеде водството со 1:28.864. Џорџ Расел заостанa 56 илјадити делови од секундата, а Чарлс Леклер две десетинки.
Кими Антонели, откако го откажа првиот обид поради излетување надвор од патеката, без последици, постави време од 1:29.043 и се искачи на третото место, помалку од две десетинки од секундата зад Хамилтон.
Во последните моменти имавме многу подобрувања, па Италијанецот во болидот на Мерцедес АМГ беше тој што оствари време од 1:28.493 и ја заврши сесијата на првото место, следен од Леклер една десетинка зад него, а Хамилтон три десетинки зад него.
Во меѓувреме, Лиам Лосон се пласираше во Q3 на десеттото место, елиминирајќи го Габриел Бортолето за 32 илјадити делови од секундата. Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Оливер Берман, Карлос Саинц Јр. и Алекс Албон беа елиминирани од понатамошниот тек од квалификациите.
По две сесии со различни возачи на врвот следуваше Q3 сесијата, каде се одредуваа првите 10 стартни места за утрешната трка.
Асфалтот остана на 41 степен Целзиусов. Лиам Лосон беше единствениот кој мораше да започне со сет употребувани црвени гуми, додека останатите се префрлија на нови. Арвид Линдблад се реши да почека во гаражата.
При првиот обид, болидите на Мерцедес АМГ го покажаа својот вистински потенцијал. Кими Антонели беше најбрз, а Џорџ Расел заостануваше 96 илјадити делови од секундата.
Луис Хамилтон заостануваше две десетинки, а Чарлс Леклер заостануваше 29 илјадити делови од секундата зад својот тимски колега.
Исак Хаџар беше петти, три десетинки зад лидерот и пред Макс Ферстапен и возачите на Мекларен. Лиам Лосон го прекина кругот со употребувани гуми.
При последните брзи кругови, Кими Антонели го намали своето време на 1:28.111 кое беше доволно да ја освои Пол позицијата. Овој пат, Леклер успеа да го победи Хамилтон и заврши втор, 175 илјадити делови од секундата зад Италијанецот.
Џорџ Расел не се подобри и заврши четврти.
Исак Хаџар го победи Макс Ферстапен. Французинот заврши петти, следен од Ландо Норис, Макс Ферстапен и Оскар Пјастри.
Арвид Линдблад овој пат успеа да го победи Лиам Лосон, завршувајќи деветти.
АНТОНЕЛИ ДОМИНАНТНО ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
7/04/2026 03:43:00 PM
0
Share to other apps




