Кими Андреа Антонели го забележа најбрзото време на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Холандија, бидејќи имаме викенд во спринт формат.
Лидерот во шампионатот беше за 12 стотинки побрз од Ландо Норис и Џорџ Расел во вториот болид на Мерцедес АМГ.
Следни беа возачите на Ферари, Луис Хамилтон пред Чарлс Леклер на едночасовната сесија која беше загревање за спринт квалификациите, кои следуваат на програмата за петок.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:30 МК, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Четири недели без Формула 1 е долг период, но врвниот мотоспорт се врати во акција во Зандворт.
Викендов го имаме претпоследниот спринт во сезоната, поради што оваа тренинг сесија беше единствената што возачите ќе ја имаат целиот викенд.
Сето ова во петок полн со вести, од долгоочекуваното ажурирање на погонската единица на Хонда до неодамна обновените договори на Макс Ферстапен, Карлос Саинц Јр. и Алекс Албон, како и дебито на Марсин Будковски како тимски шеф на Кадилак, заменувајќи го Греам Лоудон.
Првиот тренинг започна по краткотрајниот дожд, под облачно небо и влажна патека која забрзано се суши. Поради тоа првите излегувања на патеката беа на зелените интермедија гуми на Пирели.
Оскар Пјастри беше првиот што се префрли на белите слик гуми по два круга, а останатите возачи го следеа примерот неколку минути подоцна.
Макс Ферстапен беше последниот што се појави на патеката, 13 минути по почетокот, и тоа на белите гуми. Асфалтот тогаш беше речиси комплетно исушен.
Повеќето возачи, вклучувајќи ги и тие на Мерцедес АМГ и Ферари, се одлучија за жолтите гуми за првата тренинг сесија.
На оваа смеша, Кими Антонели го презеде водството со време од 1:18.264, кое потоа го намали прво на 1:16.112 и конечно на 1:15.351, демонстрирајќи ја карактеристичната прогресија на патеката која постојано се подобруваше.
Оттогаш, водството се менуваше неколку пати: Хамилтон постигна време од 1:15.124, потоа Расел намали на 1:14.951, Леклер намали неколку илјадитинки со време од 1:14.925.
Хамилтон прв забележа забележително побрзо време од 1:14.742, кое потоа го подобри на 1:14.146 во последниот обид од 15-кружниот стинт.
Фернандо Алонсо со новиот болид на Астон Мартин и надградената ПЕ на Хонда, комплетираше стинт од 12 круга со најдобро реме од 1:15.766 за да заврши дванаесетти на табелата во тој момент.
Кими Антонели имаше извртување од 360 степени во својот 13-ти круг со жолти гуми. Извртувањето беше во границите на патеката и тој продолжи без штета на болидот.
Кога сме кај инцидентите, Карлос Саинц Јр. имаше убделиво најмногу излети надвор од патеката, што резултираше со штета на неговиот под.
Следуваше второ излегување на патеката, а сите возачи тоа го направија тоа на користени гуми. Леклер и Хамилтон комплетираа 25 круга на жолтите пневматици, Антонели 27, Расел 28, Норис 21.
Квалификациските симулации започнаа на 15-тина минути до крајот, кога поголемиот дел од возачите се одлучија по прв пат да ги испробаат црвените гуми.
Оскар Пјастри го презеде водството со 1:13.608 во првиот обид, иако Леклер веднаш намали на 1:13.347, во вториот круг. Потоа Хамилтон постави време во првиот обид, запирајќи го часовникот на 1:13.139 за да се искачи на врвот на табелата.
Норис искористи круг за загревање, а потоа нападна, запирајќи го часовникот на 1:13.105 за да го преземе водството. Се чинеше дека Мекларен ќе доминира во сесијата, но Кими Антонели ги изненади сите со време од 1:12.949 само две минути до крајот, на неговиот четврти круг со црвените гуми.
Возачите на Ауди оставија силен впечаток: Хулкенберг заврши шести со жолти гуми, а Бортолето осми со црвени.
Во меѓувреме, Алонсо го донесе својот Астон Мартин на дванаесеттото место со време од 1:14.511, добредојдено напредување по проблемите во првата половина од сезоната.
КИМИ АНТОНЕЛИ НЕ ГО ДАВА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА
8/20/2026 10:21:00 PM
0
Share to other apps


