Кими Антонели и Мерцедес АМГ одржаа маестрален час по брзина и стратегија на Големата Награда на САД.
Ил Бамбино не направи грешки и стигна до негова деветта победа во Формула 1, што го става на само еден чекор од шампионската титула, благодарение на осмото место на Џорџ Расел и четвртото место на Луис Хамилтон. Чарлс Леклер го победи Макс Ферстапен за второто место.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
Кими направи точно она што требаше да го направи. Исто како и вчера, кога ја обезбеди пол позицијата, 20-годишникот беше извонреден и на денешната трка.
Младиот Италијанец имаше добар старт и покрај тоа што беше на жолти гуми, опкружен со возачи на црвените гуми.
Откако ја одбрани првата позиција по првиот свиок, тој направи значителна разлика помеѓу себе и своите ривали и ја олесни стратегијата на Мерцедес АМГ во услови на закани од Ред Бул и Ферари.
Тоа беше настап достоен за шампион. Тоа не се случи тука и ќе мора да почека на следната трка во Мексико.
Луис Хамилтон успеа да стигне само до четвртото, а Џорџ Расел до осмото место. Ова значи дека Кими Антонели сега има предност од 123 поени пред својот тимски колега и 124 пред британецот во Ферари.
Со уште 125 бода во игра, Ил Бамбино треба само да заврши деветти во Мексико за да ја освои титулата, без да се грижи за резултатите на своите ривали. Тоа е практично готова работа.
Ландо Норис заврши петти, пред Исак Хаџар, Оскар Пјастри и Џорџ Расел. Лиам Лосон и Пјер Гасли го комплетираа поредокот кој носи поени.
"Беше одличен викенд, беше убаво да се заврши со победа", изјави Антонели за Скај Ф1. "Навистина сум среќен. Успеав да имам одличен старт, а потоa успеавме да стигнеме доста далеку со првиот сет гуми, и после тоа беше јасно дека ќе направиме еден пит-стоп, па сум задоволен од она што го направивме."
"Беше одличен викенд и му се заблагодарувам на целиот тим затоа што одлично ја вршат работата, особено во обидот да го разберат овој пакет надградби. Сега ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на високо ниво."
"Како можам да ја освојам титулата во Мексико? Веќе знам, веќе знам, но, не сакам да зборувам за тоа. Додека не заврши, не е завршено."
"Би било прекрасно да ја обезбедам титулата на највисокот скалило, со уште еден добар резултат, а потоа да уживам во остатокот од сезоната."
Па, ајде да видиме дали следниот викенд, на 1 ноември, Андреа Кими Антонели, ќе ја врати Италија на врвот на Формула 1 шампионатот, 73 години по успехот на Алберто Аскари во 1953 година со Ферари.
КИМИ ДОМИНИРА ВО ОСТИН, СЕГА Е НА ЧЕКОР ДО ТИТУЛАТА
10/25/2026 08:13:00 PM
0
Share to other apps





