ФЕРАРИ - Ф150
Ферари е првиот Ф1 тим кој го претстави својот болид за 2011 година. Болидот носи ознака F150, во чест на 150 годишнината од обединувањето на Италија. Тимот од Маранело сака да не се повтори минатата година, па дизајнерите на тимот имаат донесено неколку агресивен решенија во дизајнот на овој модел. Директорот на Ферари, Стефано Доменикали е свесен дека тимот загуби драгоцени поени во раните фази од минатата сезона, па тој енајавува дека F150 ќе биде конкурентен уште од самиот почеток.
"За 2011 година нашите цели се многу јасни, имаме за цел да ги освоиме титулите во двете конкуренции, тоа мора да биде целта на нашиот тим. Очекувам дека нашиот болид ќе биде конкуренет од самиот почеток, ќе биде сигурен, брз, издржлив. Ако не сте совршени во ваква конкурентна средина, со противници кои се толку силни, тогаш станува тешко да се победи."
Од Ферари се надеваат дека утринската магла во Маранело набрзо ќе се расчисти, за да може да се направат добри снимки од првата проба на F150 од страна на Фернандо Алонсо на Фиорано тест патеката, денес попладне.