GRANDE PREMIO DE SAO PAULO (Autodromo Jose Carlos Pace)
2/21/2011 05:47:00 PM
Кога е изградена патеката?
Градежните работи започнаа на она што на крајот беше наречено патека Хозе Карлос Паче, но најчесто нарекувана Интерлагос, дури во 1938 година. Дизајнерите на патеката ја земаа својата инспирација од три главни патеки: Бруклендс во Велика Британија, Рузвелт Рејсвеј во САД и Монлери во Франција.
- Кога беше првата трка?
Поттикната од успесите на Бразилецот Емерсон Фитипалди, Формула 1 за првпат се појави на Интерлагос во 1973 година. Бразилците се радуваа на победи на домашни возали во првите три одржани Гран При настани. Емерсон Фитипалди беше победник во 1973 и 1974 година, додека Карлос Паче победи во 1975 година.
- Каква е патеката?
Како и многу патеки пред Втората светска војна, Интерлагос има закосени свиоци, при што возачите го започнуваат кругот на некој вид полуовал, всушност, помеѓу 1957 година и враќањето на патеката во календарот на Ф1 во 1990 година, Интерлагос може да се вози како огромен овал. Откако ќе поминат низ Сена S и надолу до свиокот 4, возачите потоа поминуваат низ "змиулест" дел од патеката со предизвикувачки промени во аглите на закосеност, пред да се вратат низ угорнината и закосениот свиок со стартно/целниот правец.
Share to other apps