РЕД БУЛ ГО ВОДИ ОРОТО
Анализата на оваа сесија ќе ја направиме тим по тим, почнувајќи според мене од најбрзите до најбавните... Силата на тимовите е многу тешко да се одреди од овие тест сесии, но да се обидеме да направиме некоја ранг листа. Покрај времињата постигнати на оваа тест сесијата, од помош е и однесувањето и атмосферата во тимовите. Мора да потенцираме дека на болидите се испробува "се и сешто", па најверојатно веќе на наредната сесија исто така во Барселона, ќе имаме нови надградени болиди, две недели е многу време во брзиот развој на Ф1 болидот. Да ги споменеме и гумите на Пирели, чија задача им беше да ги направат да се трошат побрзо од гумите на Бриџстон, но Италијанците најверојатно малку претерале во тоа, па сите возачи се жалан на нивната деградација, т.е. со ова ниво на деградација ќе гледаме трки со 3-4 пит-стопа, што според мене и не е некоја лоша работа. Ќе биде возбудливо.Прв на листата најбрзи најверојатно е се уште тимот на Ред Бул. Тие на ова тестирање минаа мирно и без некои поголеми проблеми. Нивната програма се одвива според планот што го имаат зацртано. Ветел имаше симулации на квалификации и симулација на трка, додека Вебер резервиран со само симулации на трка. Позитивно за тимот е што немаа некои поголеми проблеми со болидот, а Ветел докажа дека имаат брзина поставувајќи го најбрзото време на првиот и вториот ден од тест сесијата. Атмосферата во тимот е позитивна.
Најблиску до најбрзите е тимот на Ферари, исто така мирна тест сесија за нив, прават многу кругови, и изгледа дека издрживоста на болидот е на високо ниво, а уште малку им фали во "чиста" брзина. Како и лани се претпоставува дека болидот се однесува нежно кон гумите, што може да биде од голема важноста на трките, ова особено се однесува на возењето на Алонсо. На оваа сесија имаа нова шасија, која добро се однесуваше. Маса малку се занесе во тест сесијата и имаше две излетувања на влажната патека. Доби лекција од Смедли, дека се дојдени да тестираат, а не да го вадат болидот од песокот покрај патеката. Маса одговори со поставување на најбрзото време овој викенд, на последниот ден од тест сесијата. Атмосферата во тимот е позитивна.
Лотус-Рено загуби многу поради несреќата на Кубица, но направија вистински потег со доведувањето на Хајдфелд, кој не може да ја скрие својата радост дека конечно има болид со кој може да ја освои својата прва Победа во Ф1 мотоспортот, после извозени 172 трки. Има Пол Позиција, Најбрз Круг, му недостига уште Победа. Од тимот наведуваат дека имаат голема помош и од Кубица, кој се интересира за развојот на болидот и придонесува со свои предлози. Има големо познавање на болидот, но и возачкиот стил на Хајдфелд по четирите години поминати заедно во Заубер. Атмосферата во тимот е одлична, особено однесувањето на Хајдфелд.
Следува иако незаслужено, повеќе на стара слава, но и поради најавените големи надградби за Австралија, тимот на Мекларен. Со откажувањето на трката во Бахреин ќе имаат уште повеќе време да направат тие да работат како треба. Не беа подобри од Херез, возачите се жалат на гумите, кои претставуваат голем проблем сега засега за нив, иако тоа се истите гуми за сите. Имаат некои почетнички проблеми со изджливоста на болидот. Атмосферата во тимот не е лоша, но не е и многу позитивна. Ги чека уште многу напорна работа, ако сакаат да се борат за титулите.
Мерцедес ГП, најверојатно уште една пропадната сезона за нив, сите останати тимови возачите имаат слични времиња, т.е. развиваат по мерка и на двајцата возачи додека кај Мерцедес тоа не е случај, но ова се само нагаѓања, бидејќи не знаеме дали се на исти и се на различни тест програми. Нема некое задоволство во нивниот тим, сите се жалат на нешто. Гледајќи ги времињата на нивните симулации на трка, може да кажеме дека нивниот болид е бавен и ги брзо ги јаде гумите кој и да е зад воланот. Единствена позитивна работа е што им престанаа механичките дефекти, и издржливоста им е на задоволително ниво. Дали ќе успеат на направат конкурентен болид времето ќе покаже, но и тоа се намалува, за нив забрзано.
Следуваат тимовите од средината, кои ќе се борат со сите сили за освојување на секој поен. Мора да се напомене дека повеќето од нив имаа дебитанти во своите тимови, што им ја отежнува работата. Заубер, во рацете на Камуи Кобајаши, изгледа многу добро. Вилијамсот исто така изгледаше добро и стабилно, додека Торо Росо имаше прилично добри и конзистентни времиња. Изненадува тимот на Форс Индија кој се стопи во просечноста и мина некако незабележано на оваа тест сесија. Дали се им одеше по планираното наскоро ќе дознаеме.
Следуваат трите најбавни тимови во Формула 1, од кои тимот на Лотус се покажува како најбрз и изгледа им одговараше промената на моторите од Косворт на Рено, тешко да бидат победени од ХРТ и Вирџин. ХРТ уште треба да се докажува, бидејќи се уште возеа со стариот болид, и никако да го претстават својот овогодинешен адут, дали кријат нешто или пак се во големи проблеми ќе видиме на наредната тест сесија, ако дојдат со новиот болид. Вирџин повторно е убедливо најбавниот тим, и можеби ќе имаат проблеми во квалификациите да ја поминат бариерата од 7% за пласман на главната трка.
Ги имате и времињата од сите денови во Барселона, ако може да извлечете некаков заклучок од нив.
1 ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:24.374 37
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:25.485 + 1.111 101
3. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:25.638 + 1.264 57
4. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:25.641 + 1.267 78
5. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:26.365 + 1.991 77
6. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:26.575 + 2.201 26
7. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:26.912 + 2.538 52
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:27.512 + 3.138 90
9. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:28.393 + 4.019 116
10. ХЕЈКИ КОВАКАИНЕН ЛОТУС 1:30.065 + 5.691 54
11. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:30.950 + 6.576 116
12. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:35.174 + 10.800 20
13. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:44.324 + 19.950 27
2 ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:23.315 104
2. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:23.519 + 0.204 97
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:23.978 + 0.663 90
4. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:24.008 + 0.693 118
5. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:24.242 + 0.927 41
6. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:24.243 + 0.928 125
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:24.730 + 1.415 131
8. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:24.923 + 1.608 54
9. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:25.194 + 1.879 80
10. ХЕЈКИ КОВАКАИНЕН ЛОТУС 1:26.421 + 3.106 58
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:26.884 + 3.569 61
12. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:27.044 + 3.729 70
13. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:27.242 + 3.927 66
14. РИКАРДО ТЕИКСЕИРА ЛОТУС 1:31.584 + 8.269 26
ДЕН 3
П. ВОЗАЧ TИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:23.168 92
2. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:23.463 + 0.295 93
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:23.858 + 0.690 93
4. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:24.815 + 1.647 60
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:24.995 + 1.827 139
6. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:25.454 + 2.286 48
7. СЕЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:25.557 + 2.389 115
8. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:25.720 + 2.552 102
9. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:26.155 + 2.987 31
10. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:26.508 + 3.340 123
11. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:26.598 + 3.430 97
12. ЏОРЏО МОНДИНИ ХРТ 1:28.178 + 5.010 39
13. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:28.329 + 5.161 42
14. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:30.722 + 7.554 32
ДЕН 4
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:22.625 121
2. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:23.442 + 0.817 69
3. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:23.550 + 0.925 90
4. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:23.657 + 1.032 95
5. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:24.003 + 1.378 107
6. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:24.057 + 1.432 121
7. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:24.177 + 1.552 64
8. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:24.515 + 1.890 74
9. ЖЕРОМ ДИ`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:26.501 + 3.876 50
10. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:27.079 + 4.454 114
11. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:29.992 + 7.367 18