RUSSIAN GRAND PRIX (Sochi)
3/03/2011 06:00:00 PM
Кога е изградена патеката?
Дизајнирана од Херман Тилке, Сочи Автодром-от е всушност градска патека, што се разви од внатрешните улици на паркот изграден за Зимските олимписки игри во 2014 година.
- Кога беше првата трка?
Првата трка за Големата Награда на Русија се одржа на 12 Октомври 2014 година. Победник беше Луис Хамилтон од Мерцедес АМГ, кој беше на половина пат од серијата на пет последователни победи, што на крајот му ја донесе шампионската титула кај возачите за таа година.
- Каква е патеката?
Гледајќи ја конфигурацијата на патеката, вашето внимание не може, а да не го привлече епскиот 3 лев свиок со константен радиус од 750 метри, кој ги носи возачите од надворешната страна на фонтаната Појушчије. Остатокот од патеката се карактеризира со серија свиоци од 90 степени споени со одредени брзи и проточни правци-кои-не-се-правци.
Share to other apps