GROSSER PREIS VON ÖSTERREICH (Red Bull Ring)
3/04/2011 12:57:00 PM
Кога е изградена патеката?
Страшниот, оригинален Остерајхринг настанал во 1969 година како замена за аеродромската патека Зелтвег. Патеката денес позната како Ред Бул Ринг беше создадена во текот на зимата 1995-6, кога Херман Тилке беше ангажиран да го претвори Остерајхринг во пократка, помодерна тркачка патека.
- Кога беше првата трка?
А1-ринг, како што тогаш беше наречена, беше отворена во 1996 година, а Формула 1 пристигна на патеката една година подоцна. Жак Вилнев победи на трката, додека Жан Алези имаше спектакуларен судир кога неговиот Бенетон се искачи на Ферарито од Еди Ирвајн. Тимскиот колега на Алези, Герхард Бергер, во меѓувреме, го искористи своето домашно гран при за да објави дека се повлекува од Формула 1.
- Каква е патеката?
Ред Бул Ринг нуди многу во еден краток круг. Првата половина ја наградува моќта, бидејќи болидите се движат низ три правци разделени со неколку десни свиоци по угорнини. Но, тогаш по удолницата, патеката станува како возење низ тобоган, бидејќи болидите поминуваат низ низа брзи свиоци, вклучувајќи го и возбудливиот десниот Ринд свиок, именуван по првиот Ф1 шампион од Австрија.
Share to other apps