
Петра(22), најмладата ќерка на Берни Еклстоун минатата недела купи "замок" за 85 милиони долари во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави.
Огромната куќа пред тоа му припаѓала на холивудскиот продуцент Aaron Spelling и е позната како "The Manor". Куќата била на продажба уште од минатата година, а нејзината почетна вредност била 150 милиони долари. Се наоѓа во ексклузивниот кварт Holmby Hills и има 123 соби, паркинг за 100 автомобили и е на листата како една од најскапите куќи во САД. Петра, исто така, неодамна купила живеалиште во Лондон за 90 милиони долари, каде таа живее со своето момче, бизнисменот James Stunt.
Според британските медиуми, Петра планира да се пресели во САД размислувајќи за својата кариера како модел, актерка или моден дизајнер. Но и покрај ова огромно трошење пари на својата ќерката, Берни Еклстоун заработува многу солидно. Според британскиот весник Daily Mail, имотот на директорот на компанијата која е сопственик на комерцијалните права во Формула 1, е во вредност од 3.8 милијарди долари.
