Артистички приказ на патеката во Остин, Тексас
ТИМОТ НА РЕНО СО НОВО ЗАДНО КРИЛО
Тимот на Рено подготвил ново задно крило за трката во Валенсија, а негова главна цел е да го подобри ефектот од системот DRS. Според Џејмс Алисон тоа ќе помогне за подобри времиња во квалификациите и ќе донесе поголем потенцијал за претекнување за време на трката.
ДВЕ ЗОНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА DRS-от И ЗА ЕВРОПА ГП
По втор пат оваа година ќе имаме две зони за употреба на подвижното задно крило(DRS). Но, како и во Монтреал ќе има само една точка за детекција на растојанието до предниот болид. Во Валенсија првата зона ќе почнува 285 метри по кривината број 10, а втората 35 метри по кривина број 14. Растојанието ќе биде мерено на 130 метри пред кривината 8.
СЕРЏО ПЕРЕЗ ПОДГОТВЕН ЗА ЕВРОПА ГП
Возачот на Заубер, Серџо Перез вели дека е во совршена форма и е подготвен повторно да го заземе своето место во болидот на Заубер. По првиот тренинг во Канада тој не се чувствуваше добро како последица на несреќата во Монако и неговото место го зазеде тест пилотот на Мекларен Педро де ла Роса. Дали сега навистина е спремен ќе дознаеме во петок.
МЕКЛАРЕН СО НОВА ПОНУДА ДО БАТОН
Џенсон Батон е подготвен да потпише нов повеќегодишен договор со Мекларен, а денес неколку новински агенции ја пренесоа веста дека Батон е на работ на продолжување на неговиот договор по 2012 година. Мекларен се раздвижи околу договорот на Батон, по изјавите на анонимен извор за "News of the World" во текот на овој викендот дека Ферари се заинтересирани за Британецот. Шпекулациите укажуваат дека неговиот договор ќе биде продолжен на уште на неколку години по 2012, како и зголемување на неговата годишна плата од 6.900.000 евра. Се наведува дека соопштението ќе биде објавено во следните неколку недели. Останува да почекаме и да видиме дали овие шпекулации ќе се остварат, или пак можеби Батон ќе го гледаме во Ферари.
ВИЛИЈАМС СО НОВ ДИФУЗЕР, ПОВТОРНО!!!
Тимот на Вилијамс ќе располага со променет дифузер за трката во Валенсија. Со оваа промена во тимот се надеваат дека ќе се борат за поени оваа недела.

