Денес Ред Бул доминираше на патеката Интерлагос. Марк Вебер ја освои својата прва победа во оваа сезона на Бразилското ГП, по проблемите на својот тимски колега Себастијан Ветел со менувач на својот болид.
Ветел ја поведе трката на почетокот, а Вебер и покрај слабиот старт успеа да ги задржи останатите болиди зад себе. Ветел во неколку круга направи стабилна разлика од три секунди пред Вебер, а двајцата само ја зголемуваа предноста од остатокот, понекогаш и до една секунда по круг.
Но, кога сите очекуваа уште една победа на Германецот, тој доби радио порака за предупредување на проблеми со менувачот, и доби инструкции да намали малку за безбедно да го донесе болидот до целта. Тоа беше доволно за Вебер да го превзеде водството во 29-от круг. На крајот Австралиецот ја освои неговата прва победа по 2010 Унгарија ГП-то, а Ветел го задржа второто место.
Голема награда на Бразил, Интерлагос, Сао Пауло.
71 круга, 305.909км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1h32:17.434
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ + 16.983
3. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН + 27.638
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 35.048
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 1:06.733
6. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
8. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
9. КАМУИ КОБАЈШИ ЗАУБЕР + 1 круг
10. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 1 круг
11. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
12. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1 круг
13. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
14. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 1 круг
15. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
16. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 2 круга
17. БРУНО СЕНА РЕНО + 2 круга
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 2 круга
19. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 3 круга
20. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 3 круга
НАЈБРЗ КРУГ: МАРК ВЕБЕР, 1:15.324
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 62
ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 37
ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 27
ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 22
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН ПО 19 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.ВЕТЕЛ 392 1. РЕД БУЛ 650
2. Џ.БАТОН 270 2. МЕКЛАРЕН 497
3. М.ВЕБЕР 258 3. ФЕРАРИ 375
4. Ф.АЛОНСО 257 4. МЕРЦЕДЕС ГП 165
5. Л.ХАМИЛТОН 227 5. РЕНО 73
6. Ф.МАСА 118 6. ФОРС ИНДИЈА 69
7. Н.РОЗБЕРГ 89 7. ЗАУБЕР 44
8. М.ШУМАХЕР 76 8. ТОРО РОСО 41
9. А.СУТИЛ 42 9. ВИЛИЈАМС 5
10. В.ПЕТРОВ 37
11. Н.ХАЈДФЕЛД 34
12. К.КОБАЈАШИ 30
13. П.ДИ РЕСТА 27
14. Џ.АЛГУЕРСУАРИ 26
15. С.БУЕМИ 15
16. С.ПЕРЕЗ 14
17. Р.БАРИЧЕЛО 4
18. Б.СЕНА 2
19. П.МАЛДОНАДО 1