MAGYAR NAGYDÍJ (Hungaroring)
3/05/2011 09:55:00 PM
Кога е изградена патеката?
Работата на Хунгароринг започна во 1985 година, а патеката беше подготвена за трки само девет месеци подоцна. Во обид да биде домаќин на Формула 1, Унгарската влада првично размислуваше за обновување на стара патека во паркот Неплигет во Будимпешта, но, на крајот реши наместо тоа се реши да изгради нова патека.
- Кога беше првата трка?
Годината беше 1986. Нелсон Пике со болидот на Вилиамс победи на првата Ф1 трка на Хунгароринг, со славното претекнување на Аиртон Сена, Лотус, од надворешната страна за да го преземе водството.
- Каква е патеката?
Поради недостатокот на правци на Хунгароринг честопати се споредува со картинг патека, и тоа е вистината, сличноста е невообичаена. Со неколку серии на свиоци во низа, тимовите се одлучуваат за нивото на потисна сила како во Монако, а добрата шасија има тенденција да биде клучен фактор во однос на моќноста на ПЕ со оглед на понудените кратки правци. Сепак, патеката е предизвик во кој многумина од возачите уживаат, со оглед што наоѓањето на добар ритам низ свиоците е основа за забележување на брзи времиња.
Share to other apps