BELGIAN GRAND PRIX (Circuit de Spa-Francorchamps)
3/05/2011 09:23:00 PM
Кога е изградена патеката?
Оригиналната патека во облик на триаголник беше изградена во 1921 година, од дизајнерите Жил де Тиер и Анри Ланглоа ван Офем кои користеа јавни патишта помеѓу градовите Франкоршамп, Малмеди и Ставелот за да создадат неверојатна патека од 14.9 километри низ шумите и ридовите на прекрасниот регион Арден. Патеката беше реновирана во 1979 година, и иако новата патека е само половина од должината на оригиналот, сепак е најдолга во тековниот календар на Формула 1 со должина од 7.004 километри.
- Кога беше првата трка?
Бидејќи беше домаќин на Гран При трки уште од 1924 година, оваа легендарна белгиска патека беше една од седумте што беа дел од инаугуралниот шампионат на Формула 1 во 1950 година. Таа трка ја победи легендарниот Хуан Мануел Фанџо, кој ја предводеше двојната победа за Алфа Ромео пред тимскиот колега Нино Фарина.
- Каква е патеката?
СПА-Франкоршамп е меѓу најомилените патеки на возачите во Формула 1, со мешавина од долги правци и предизвикувачки брзи свиоци што им овозможува да ги форсираат своите болиди до работ на нивните можности. Големината на патеката и природата на времето во Белгија значи дека понекогаш може да врне дожд на еден дел од патеката, а да е сува на друг, што значи дека грипот може да варира од еден свиок до друг. Сите го знаеме возбудливиот Eau Rouge, со кој започнува веројатно најпознатата низа на свиоци во светот, додека возачите се движат лево, десно, а потоа на угорнина преку Раидилон.
Share to other apps