ДАЛИ ЛОТУС ЈА ИМААТ НАЈГОЛЕМАТА ИНОВАЦИЈА ЗА 2012 ?!?
1/12/2012 05:14:00 PM
0
Во 2010 година беше F-duct системот, минатата година мапирањето на моторот за помош на дифузорот, а на почетокот на оваа година имаме нова тема за разговор, т.е. Системот за стабилизирање на болидот при сопирање и забрзување, развиен од тимот на Лотус.
Овие денови овој систем на Лотус Рено стана тема на зголемено внимание во Ф1 циркусот. Додека техничарите на Enstone кои го развиле овој систем не се јавија со никаква изјава, дури ни некаков демант, Стефано Доменикали прозборе на оваа тема на прес-конференција во Madona di Campiglio.
"Знаеме дека тоа е уред поврзан со стабилноста на болидот под сопирање. Знам за фактот дека имало писмена комуникација помеѓу ФИА и тимовите и сега се очекува Федерацијата да ни каже дали ова е во согласност или не. Треба да се види дали ова решение ќе даде подобри перформанси.
Очигледно Ферари, според тоа, знаел за она што се подготвува од страна на техничарите во Enstone, систем коректор кој треба да одржи постојана висина на болидот на Лотус Рено и покрај промените при оптоварување поради сопирање и забрзување.
Системот е откриен најверојатно благодарение на сликите од тест сесиите на патеката Yas Marina, каде бил тестиран од страна на Лотус, но најверојатно тој не бил тајна помеѓу Ф1 тимовите.
ФИА има воспоставено вообичаена практика на одлучување и комуникација со Ф1 тимовите: Ф1 Тим кој има нова идеја, а не е сигурен дали е во согласност со техничките правила, ја доставува до Чарли Вајтинг, кој заедно со својот тим проценува дали системот е безбеден и дали ги исполнува правилата. Ако ФИА ја одобри идејата, писмено му одговора на тимот што го поднесол барањето. Во овој случај тимот може да се повика на најстрога доверливост и да добие голема предност во согласност со скриената техничка иновација што е можно подолго пред да бидат откриени и копирани од ривалите.
Ако пак одговорот е негативен, ФИА писмено ги известува сите Ф1 тимови за дека е поднесената идеја, за да се спречат другите тимови од развивање на слични концепти.
Бидејќи болидите се речиси во завршна фаза на развој, а штом инженерите во Enstone инвестирале во овој систем, јасно е дека тие веќе имаат добиено одговор од страна на ФИА, а според Британскиот аутоспорт одговорот им бил даден веќе на крајот на 2010 година, а монтираниот систем во Абу Даби не бил во експериментална, туку во финална фаза.
Тоа е убавината на Формула 1 и покрај тоа што постојат голем број правила, но ако се прочитаат внимателно и со малку имагинација од страна на некој инженер, доаѓа до темелно менување на концепти и вредности. Не очекуваат многу контраверзности на оваа тема, во меѓувреме сите ќе настојуваат да го копираат овој систем... т.е. ако се одреди дека носи значајна предност(според некои проценки ќе носи 1-2 десетинки по круг, што во трка е значајна предност!!!)
Share to other apps