"Главните промени во споредба со 2011 се однесуваат на висината на предниот дел на шасијата, позицијата на ауспусите и мапирањето т.е. електронското управување со моторот. Практично секоја област на болидот е фундаментално ревидирана, почнувајќи со распоредот на амортизацијата, која сега и назад и напред е Pull-Rod, со цел фаворизирање на аеродинамичните перформанси и намалување на центарот на гравитацијата. Предното крило е изградено врз основа на крилото од Ф 150 ° Италија во завршниот дел на минатата сезона, и е чекор понапред. Понатаму до почетокот на сезоната се планираат нови ревизии во оваа област на болдот."
"Носот има степеница, која естетски не е префинета, но тоа го бараат прописите за намалување на предниот дел, а се со цел подигање на долниот дел на шасијата колку што е можно повеќе за аеродинамички цели. Страниците на болидот се комплетно редизајнирани, извршивме репозиционирање на ладилниците и ги ревидиравме сите аеродинамички елементи."
"Задниот долен дел на болидот е многу потесен и повеќе заострен, карактеристика постигнато делумно поради новиот облик на менувачот и релокација на некои механички компоненти. Во последниве години, областа околу ауспусите е од клучно значење за перформансите на болидот и тука направивме најголеми напори да биде се во согласност со промените на прописите воведени оваа година. Задното крило е концептуално слично на она што се користеше во 2011 година, но секој детал од него е ревидиран и сега е поефикасен. Се разбира, тоа се уште е опремено со DRS-системот кој е управуван хидраулички. Предните и задните отвори зa довод на воздух кон сопирачките се редизајнирани во соработка со Brembo, за да се оптимизира системот за сопирање."
Обилните снежни врнежи во Маранело го принудија Италијанскиот тим да ја откажете церемонијата на презентација и плановите за снимање на болидот на патеката во Маранело.
Дали Ферари ќе има добра година со F2012?!?