Михаел Шумахер потврди дека ќе се повлече од Ф1 по втор пат на крајот на 2012 година:
"Решив да се повлечам од Формула 1 на крајот од сезоната, иако јас се чуствувам сеуште способен да се натпреварувам со најдобрите возачи на светот. Ова е нешто што ме прави горд, и ова е дел од причината зошто никогаш не зажалив што се вратив во овој спорт. Јас можам да бидам среќен со моите перформанси и фактот дека постојано ја подигав мојата форма во текот на последните три години. Но, во одреден момент дојде време за збогум. Во текот на изминатите неколку недели и месеци не бев сигурен дали се уште ќе имам мотивација и енергија која е потребна за да се оди понатаму, а тоа не е мојот стил да се работи на нешто во што јас не сум 100% убеден. Со денешната одлука се чувствувам ослободен од тие сомнежи. На крајот, не е моја амбиција само да возам наоколу, туку да се борам за победи, а задоволството на возењето се поттикнува со конкурентноста."
"Ние не ја постигнавме нашата цел и тоа е причината зошто имав многу критики во последните три години, што делумно е оправдано. Ние не успеавме да ја постигнеме нашата цел, да развиеме Шампионски болид во овие три години. Исто така, без сомнение, јас не можам да обезбедам долгорочна перспектива за никого. Но, исто така е јасно дека јас сеуште можам да бидам многу среќен за моите севкупни достигнувања во Формула 1."
"Би сакал да се заблагодарам на Дајмлер, Мерцедес-Бенц и тимот за нивната доверба. Но, јас исто така би сакал да се заблагодарам на сите мои пријатели, партнери, кои ме поддржуваа во текот на многуте добри години во мотоспортот . Но, најмногу од сите јас би сакал да му се заблагодарам на моето семејство кои секогаш беа на моја страна, што ми даде слобода да живеам со моите убедувања и споделување на мојата радост."
Рос Браун, тимскиот шеф на Мерцедес АМГ, изјави дека ова е "емотивен ден", откако Шумахер решил јавно да ја објави неговата одлука:
"Имаме многу заеднички искуства во текот на нашето време во Бенетон, Ферари и Мерцедес, и се чувствувам многу горд, бла, бла, бла, тој е најголемиот Формула 1 возач, бла, бла, бла... Придонесот на Михаел во нашиот развој и иднината на нашиот тим е значаен... бла, бла, бла... Мислам дека со интерес ќе го следи нашиот напредок во годините што доаѓаат."
Норберт Хауг изјави:
"Михаел ја започна својата професионална тркачка кариера во 1989 година како член на јуниорскиот тим на Мерцедес во групата Ц прототипови, а ја завршува со Ф1 болидот на Сребрените стрели. Ти благодарам, Михаел, за сè, беше, и е, задоволство да се работи со тебе".
СЕДУМКРАТНИОТ Ф1 ШАМПИОН ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА
10/04/2012 01:56:00 PM
0
Tags
Share to other apps