Формула 1 шампионатот се сели на една од традиционалните Ф1 места, т.е. патеката Сузука, на која следниов викенд ќе се одржи 15-тото Гран При на сезоната, а тоа ќе биде втората од пет трки на Азиско тло. До крајот на сезоната останува само уште една четвртина од Шампионатот и тимовите се во еден последен обид да ја завршат сезоната на најдобар можен начин.
Сузука е многу предизвикувачка и брза патека. Таа има многу брзи, "слепи" кривини кои се надоврзуваат една на друга на кои возачите едвај ја допраат сопирачката. Тоа е оригинална патека, во форма на бројот осум, што значи дека ова е единствената патека во шампионатот која истовремено се вози обратно и во насока на стрелките на часовникот во еден ист круг. Пирели ги избра своите меки и тврди гуми за оваа трка.
Победата на Себастијан Ветел во Сингапур ја намали разликата до Фернандо Алонсо на 29 поени, што е малку повеќе од една победа. Кими Раиконен повторно е трет, но заостанува 45 поени.
Сузука би требало да им одговара на болидите на Мекларен, но овој тим и покрај тоа што се чини дека го имаат најбрзиот болид, никако не успеваат да го потврдат тоа и да ја намалат барем разликата до Ред Бул.
Ферари треба да направат чекор напред ако сакаат да ја обезбедат титулата на Алонсо.
Што мислите кој ќе победи во Јапонија? Дали битката се одвива само меѓу Ветел и Алонсо или некој друг возач повторно ќе излезе во преден план? Како ќе се расплетува преостанатото заедничко време помеѓу Мекларен и Хамилтон?
СЛЕДУВА 2012 ЈАПОНИЈА ГП И БУДНИ УТРА
10/02/2012 05:02:00 PM
0
Tags
Share to other apps