Најдобриот негов момент со Аиртон Сена
како ривал
- Како се чувствувате кога деца двојно помлади од вас ќе ве поминат на патеката?
MSC: Јас не размислувам за возраста. Кога сум седнат во болидот, не ми е грижа кој колку години има. Јас само се грижам дека некој е пред мене и сакам да го поминам или дека тој е зад мене и не сакам да ме помине. Тоа е тоа.
- Кој беше вашиот тркачки идол додека растевте?
MSC: На почетокот тоа беше Винченцо Соспири. Потоа, тоа беше Аиртон Сена. Овие двајца многу ме инспирираа додека бев во картинг.
- Кој е најголемиот фактор што ќе ги подобри перформансите на Мерцедес АМГ за да стане конзистентен фаворит?
MSC: Каде што сме во моментов не постои единствен фактор. Тоа е како мозаик, каде што треба сите мали делчиња и детали да се состават за да се заврши работата. Нам не ни недостасуваат премногу делчиња, кои чекор по чекор, полека ги вклопуваме во целина.
- Дали навистина сакавте да го удрите Дејвид Култхард по вашиот судир во Спа 1998 година?
MSC: Хммм... Искрено, никогаш не сум бил некој кој се рафрла со тупаници. Всушност, никогаш во мојот живот не сум удрил никого, но тогаш јас сигурно сакав да го натерам да разбере што чувствував во тој момент.
-Кој е најдобариот совет што некогаш сте го добиле и зошто?
MSC: Toa e "Think before, about after". Мој многу важен и близок пријател, кој сега е во своите 80-ти и многу искусен, ми го даде овој совет. Можете да го користите во секој аспект од животот. Во основа, што и да одлучите да направите, помислете добро пред да го направите тоа и размислете за последиците на вашето дело.
-Кое е вашето најдобро сеќавање на Аиртон Сена?
MSC: Одговорот е многу јасен. Тоа е Бразил 1994 година, кога јас победив, а тој се изврте на патеката обидувајќи се да ме стигне. Таа борба ме направи многу горд, затоа што тој ја имаше таа непобедлива природа во него. Тоа беше добар момент.
Во таа '94 година малиот тим на Бенетон со мотор на Форд не требаше да биде најдобар, но одеднаш имавме многу добар пакет и ние бевме во можност да завршиме пред Вилијамс.
-Дали некогаш сте биле запрени од полицијата за брзо возење на патиштата, ако да каква беше нивната реакција?
MSC: Да сум бил, а реакцијата беше казна за брзо возење...
-На кои квалитети најмногу им се восхитувате кај возачот?
MSC: Можеби тој да е Германец... :)
-Дали некогаш сте размислувале за сопствен Ф1 тим?
MSC: Не Никогаш.
Наскоро следува и вториот дел од Прашања и Одговори со Михаел Шумахер.