Себ сака уште една Титула !!!
Себастијан Ветел со Ред Бул ја освои својата четврта Пол позиција поставувајќи најбрзо време на денешните Кваливикации за Големата награда на Јапонија. Веднаш до него од првиот стартен ред трката ќе ја започне неговиот тимски колега Марк Вебер. Џенсон Батон го забележа третото најбрзо време во квалификациите, но ќе стартува пет места поназад, т.е. од осмата стартна позиција.Болидите на Ред Бул го поставија нивните најдобри времиња при првите нивни излегувања во Q3, а Вебер направи грешка и Ветел лесно излезе пред својот тимски колега, кој му беше единствениот конкурент за Пол позицијата.
При вторите излегувања, Раиконен се изврте на патеката, па им го расипа есапот на повеќето возачи, а секако и својот пласман. Кобајаши го постави своето најдобро време во тој сектор под жолти знамиња и за него уште нема некоја објава од стјуардите. Но бидејќи е на домашна патека, најверојатно ќе му прогледаат низ прсти. Одлична стартна позиција за што повеќе публика на утрешната трка. Со извртувањето на Кими, најмногу настрада Хамилтон кој не постави конкурентно време ни во првото излегување, поради грешка во сет-апот на болидот, а при второто поради жолтите знамиња.
Џенсон Батон имаше задоволителен настап, но казната од пет стартни места поназад го постави да стартува пред неговиот тимски колега на осмата позиција. Многу казни па стартна листа е доста изменета од постигнатата на патеката. Од најбрзите десет и Хулкенберг, ќе стартува со пет позиции поназад пооради промена на менувачот по несреќата на утринскиот тренинг. Со тоа Маса влета на 10-тата стартна позиција.
Кога сме кај тимот на Ферари, нивниот адут во оваа сезона Феернандо Алонсо, само со седмо најбрзо време, а ќе стартува од шестата позиција. Шпанецот исто така беше жртва на извртувањето на Раиконен. "Жолтите знамиња дојдоа во најлош можен момент, а до тогаш, мојот круг беше одличен и имав реални шанси на поставување на четвртото најбрзо време, што ќе ми овоможеше да стартувам од третата позиција на трката. Бевме несреќни денес, па можеби ќе бидеме среќни утре."- изјави Алонсо.
Лоши квалификации имааше и тимот на Мерцедес АМГ. Михаел Шумахер успеа да забележи 13-то најбрзо време, но со казната ќе стартува од 23-тата стартна позиција, а Нико Розберг само со 15-то време. Казни уште заработија и Жан-Ерик Верн за блокирање на Сена, ќе стартува три позиции поназад, Ветел доби опомена за блокирање на Алонсо и Чарлс Пик е парично казнет за попречување на Хамилтон за време на денешната тренинг сесија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:30.839
2. Марк Вебер Ред Бул 1:31.090 + 0.251
3. Џенсон Батон Мекларен 1:31.294 + 0.451
4. Камуи Кобајаши Заубер 1:31.700 + 0.861
5. Роман Грожан Лотус 1:31.989 + 1.059
6. Серџо Перез Заубер 1:32.022 + 1.183
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:32.114 + 1.275
8. Кими Раиконен Лотус 1:32.208 + 1.369
9. Луис Хамилтон Мекларен 1:32.327 + 1.488
10. Нико Хулкенберг Форс Индија без поставено време
Q2 Најбрзо време: С.Ветел 1:31.501
11. Фелипе Маса Ферари 1:32.293 + 0.792
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:32.327 + 0.826
13. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:32.469 + 0.968
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:32.512 + 1.011
15. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.625 + 1.124
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:32.954 + 1.453
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.368 + 1.867
Q1 Најбрзо време: Р.Грожан 1:32.029
18. Бруно Сена Вилијамс 1:33.405 + 1.376
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:34.657 + 2.628
20. Тимо Глок Марусија 1:35.213 + 3.184
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:35.385 + 3.356
22. Чарлс Пик Марусија 1:35.429 + 3.400
23. Виталиј Петров Катерам 1:35.432 + 3.403
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:36.734 + 4.705
107% време: 1:38.471