Џенсон Батон сега е фаворит на Мекларен !?!
Џенсон Батон со Мекларен беше најбрзиот возач на првиот слободен тренинг за Јапонското ГП во Сузука, а веднаш зад него беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон.
Под силно сонце и сува патека, тимот од Вокинг доминираше на оваа сесија. Само Ред Бул со Марк Вебер беше во близина на двајцата Британски возачи во однос на темпото.Возачите, стана обичај, за време на првиот тренинг да ги испробуваат гумите на Пирели со потврдата компонента. Како резултат, на почетокот видовме неколку брзи кругови, а потоа стинтови со пол резевоар со гориво. Лотус испробуваше ново задно крило на болидот на Грожан. Ферари исто така со новото задно крило кое го испробуваа и во Сингапур. Единствен проблем имаше Нико Розберг, кога при крајот на тренингот неговиот болид едноставно застана на патеката.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:34.507 20
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:34.740 + 0.233 26
3. Марк Вебер Ред Бул 1:34.856 + 0.349 24
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.059 + 0.552 18
5. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:35.112 + 0.615 20
6. Камуи Кобајаши Заубер 1:35.199 + 0.692 27
7. Фелипе Маса Ферари 1:35.283 + 0.776 24
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:35.299 + 0.792 18
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.474 + 0.967 22
10. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:35.478 + 0.971 24
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:35.484 + 0.977 26
12. Серџо Перез Заубер 1:35.584 + 1.077 24
13. Кими Раиконен Лотус 1:35.691 + 1.184 22
14. Роман Грожан Лотус 1:35.724 + 1.217 21
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:36.123 + 1.616 19
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:36.222 + 1.715 25
17. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.366 + 1.859 23
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:36.389 + 1.882 24
19. Тимо Глок Марусија 1:37.716 + 3.209 17
20. Виталиј Петров Катерам 1:38.295 + 3.788 23
21. Чарлс Пик Марусија 1:38.616 + 4.109 25
22. Нараин Картикејан ХРТ 1:39.043 + 4.536 25
23. Гвидо ван дер Гард Катерам 1:39.374 + 4.867 22
24. Педро де ла Роса ХРТ 1:39.688 + 5.181 1
Вторите возачи побрзи од првите !!!
Марк Вебер го забележа најбрзото време на вториот слободен тренинг на Сузука. Тој беше 0.2 секунди побрз од Хамилтон. Трет најбрз беше Ветел, пред одличниот
Нико Хулкенберг со Форс Индија и водечкиот во генералниот пласман Фернандо Алонсо со Ферари.На овој тренинг видовме две посериозни и може да се каже идентични излетувања надвор од патеката. При нешто повеќе од пет минути во сесијата, Пол ди Реста ја допре тревата при влез во кривината Spoon и заврши во заштитните бариери и ја оштети предната амортизација на неговиот болид, како и предното крило. На истото место, со околу десет минути до крајот на тренингот, излета и Михаел Шумахер, удирајќи малку посилно во бариерите, а настрада неговото предно крило.
Како што стојат работите, утре борбата за Пол позицијата ќе се одвива меѓу Мекларен и Ред Бул. Мекларен тестираа голем број на надградби на каросеријата, но дали ќе сеупотребат во трката ќе решат по завршување на саботниот тренинг. Лотус повторно го испробува својот двоен ДРС, но никако да го употребат конечно и во трка.
Кој ќе сака да го проследи Саботниот тренинг и Квалификациите нека си легне порано, затоа што не очекува уште една непроспиена ноќ. Квалификациите започнуваат во 07:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Марк Вебер Ред Бул 1:32.493 34
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:32.707 + 0.214 32
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.836 + 0.343 37
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:32.987 + 0.494 30
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:33.093 + 0.600 28
6. Роман Грожан Лотус 1:33.107 + 0.614 35
7. Џенсон Батон Мекларен 1:33.349 + 0.856 22
8. Бруно Сена Вилијамс 1:33.499 + 1.006 35
9. Фелипе Маса Ферари 1:33.614 + 1.121 32
10. Михаел Шумахер Мерцедес 1:33.750 + 1.257 13
11. Нико Розберг Мерцедес 1:33.866 + 1.373 19
12. Серџо Перез Заубер 1:33.903 + 1.410 36
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:33.983 + 1.490 33
14. Кими Раиконен Лотус 1:34.291 + 1.798 12
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:34.300 + 1.807 33
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:34.863 + 2.370 32
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.080 + 2.587 34
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:35.711 + 3.218 41
19. Виталиј Петров Катерам 1:35.870 + 3.377 37
20. Тимо Глок Марусија 1:36.194 + 3.701 32
21. Чарлс Пик Марусија 1:36.636 + 4.143 28
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:37.342 + 4.849 30
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:37.701 + 5.208 35
24. Пол ди Реста Форс Индија без поставено време 2