Утре на почетокот сите ќе гледаат во грбот на болидот на Ред Бул ?!?
Ривалите на Ред Бул, не веруваат дека одличната форма на Јапонското ГП е предупредувачки знак дека овој тим ја презема контролата во битката за шампионатот.
Денес, Себастијан Ветел и Марк Вебер, беа класа над сите останати возачи, лесно обезбедувајќи го првиот стартен ред, прв за нив оваа сезона. Иако лидерот Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон ќе се соочат со тешка работа стартувајќи од шестата и деветтата позиција, тие велат дека борбата за титулата е далеку од решена. "Не, со ова не се промени ситуацијата. Мислам дека во следните трки сигурно ќе го подобриме нашиот болид. Не бевме премногу добри во последните две или три трки, но постојат некои добри планови за следните. Па порано или подоцна ќе бидеме поконкурентни. Од друга страна, ние не сме многу конкурентни во чисти перформанси, бидејќи тие се побрзи од нас, но во недела ние го подобруваме нашето темпо. Стратегиски обично сме многу добри, со добро испланирани пит-стопови, со тоа доаѓаат и поените. Во неделите не се чувствуваме помалку конкуретни од другите тимови. Можеби ни недостасуваат малку перформанси во текот на еден круг, но во недела мислам дека нашиот тим не се плаши од никого."- изјави Фернандо Алонсо.
"Знаевме дека овој викенд мора да победиме. Мислам, ние мора да победуваме секој викенд и се разбира гледајќи дека Ферари се борат со болидот, имаме шанси за титулата. Себастијан, одеднаш го има најбрзиот болид овој викенд, а тој имаше многу брз болид и во последната трка и доби максимален број поени, па можеби тој веројатно сега е главниот конкурент на Фернандо. Но, ние имаме уште шест трки, вклучувајќи ја и утрешната, па се може да се случи. Можеби тие нема да ги завршат овие трки и ние ќе профитираме како тим, па затоа ние никогаш нема да се откажеме и ќе продолжиме со напорите во надеж дека нешто магично ќе се случи."- дециден е Луис Хамилтон.