2012 КОРЕЈА ГП: ВЕТЕЛ ПРЕСРЕЌЕН СО ВОДСТВОТО ВО ШАМПИОНАТОТ
10/14/2012 01:23:00 PM
0
Себастијан Ветел верува дека неговиот старт на Корејското Гран При беше клучен во обезбедувањето на неговата трета последователна победа во оваа сезона:
"Јас сум многу задоволен. Ова беше одлична трка. Најважното беше да имам добар старт, нешто за што имав сомневања бидејќи бев на валканата страна на патеката. Го поминав Марк, во првата кривина, а потоа во третата можев да го слушнам неговиот болид зад мене, а тој беше многу блиску. Сепак, имав добар излез од кривината и го задржав првото место. Пит-стоповите беа одлични и единствената моја грешка беше блокирањето на тркалото пред кривината 3, но имав добра разлика која ме остави напред. Бевме малку загрижени за предните гуми, но на крај се испадна добро. Морам да се заблагодарам на сите во тимот. Немаше многу време по Јапонија, и сите тие работеа деноноќно, со цел за понатамошно подобрување на болидот. Оваа сезона ја поминуваме во подеми и падови. Ние треба да се фокусираме на нас самите, ние треба да имаме најдобри можни резултати и работите ќе си дојдат на свое место."
Tags
Share to other apps