Големата награда на Унгарија ќе се одржи по 41-ви пат. Во 1986 година, трката од Формула 1 во Народна Република Унгарија изгледаше егзотично за западниот свет.
Но, годините поминаа, името на земјата и системот на владеење се променија, светот околу нас претрпе многу превирања, но сепак, кон крајот на јули и почетокот на август, Формула 1 повторно привлекува полни трибини на жешкиот Хунгароринг.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Минатата година започна голема реконструкција на стартниот правец и придружните објекти, која оваа година беше целосно завршена.
Таа се рангира на третото место на листата на патеки кои биле домаќини на најмногу последователни Ф1 трки, а пред неа се само Монако и Монца.
Патеката е една од најтешките кога е во прашање ладењето на сопирачките, делумно заради недостаток на правци, и честопати се влошува кога болидите се заглавени во сообраќајот. Потврда за тоа беа и дефектите на сопирачките на болидите на Кадилак.
Хунгароринг е патека каде што не можете лесно да престигнете, патека каде што стартувањето од Пол позицијата е половина победа, а стартувањето од првиот ред е голема предност.
Ова е пандан на Монако кај постојаните патеки, каде што напредувањето низ поредокот, дури и за возачите во најдобра форма, е речиси невозможно.
Но, да видиме дали компјутерите во денешната генерација на болиди ќе се согласат со тоа...
Затоа, Хунгароринг е често досадна патека за фановите, каде што стартот и застанувањето во бокс се клучни.
Сепак, ова е патека која е сведок на едно од најголемите престигнувања во историјата на Формула 1, престигнувањето на Аиртон Сена од страна на Нелсон Пике во првото издание во 1986 година, во 57-от круг.
Откако не успеа да го стори тоа од внатрешната страна на крајот од правецот два круга претходно, Пике скршна од надворешната страна, и во битка тркало до тркало го принуди Сена силно да сопира. Пике престигна и победи.
Ова е патека на први победи, на триумфи кои се сметале за практично невозможни. Неочекувани. Против сите прогонзи.
Хунгароринг е патека на која многу од Ф1 возачите ја забележале својата Прва Ф1 Победа, Фернандо Алонсо во 2003 година, Џенсон Батон во 2006 година, Ковалаинен во 2008, а Тимо Глок беше втор, забележувајќи го единствениот подиум во кариерата.
Во 2015 година, Данил Квјат го освои својот прв подиум, а во 2019 година, Макс Ферстапен ја освои својата прва пол позиција, на истата патека каде што неговиот татко Јос го освои првиот од неговите два пласмани на подиум во 1994 година.
Дејмон Хил, исто така, ја забележа својата Прва Ф1 Победа во Унгарија, во болидот на Вилијамс, далечната 1993 година. Тој беше првиот син на светски шампион кој Победил на Ф1 трка.
Најновиот пример, победата на Естебан Окон, неговата прва и единствена победа, во 2021 година, единствената на Алпин, беше исто така незамислива.
Дали факторот изненадување ќе игра улога и оваа година? Прва победа за Хулкенберг или Бортолето со Ауди? Зошто не и Рејсинг Булс?
Патеката е физички напорна за возачите, кои често ја споредуваат со Сингапур (физички најнапорната патека во календарот), поради големиот број на свиоци, високите температури, и релативно малото воздушно струење низ болидот.
Трката за Големата Награда на Унгарија се состои од 70 круга и според Пирели теоретски стратегиите со едно и две застанувања во бокс се идентични.
Многу ќе зависи од температурата на асфалтот, а за денес имаме жолто предупредување за грмотевици.
Изборот на две застанувања во бокс е со избор на жолти гуми за почетен стинт, потоа следуваат два стинта на белите гуми, или завршен стинт на жолти, за тимовите кои се сигурни и ја имаат на располагање помеката смеша на Пирели.
Меѓутоа, со неможноста за лесно претекнување на Хунгароринг, позицијата на патеката е клучна, па така тимовите мораат да бидат флексибилни и решителни да ги искористат понудените можности, на пример излегување на безбедносното возило.
Дарио Марафуски, Пирели: "Нашите симулации не покажуваат никаква разлика во вкупното време на трката помеѓу стратегијата со едно запирање и две запирање за Големата награда на Унгарија."
"Деградацијата, која беше поголема од очекуваната, ефикасно ги усогласи двете стратешки опции, дозволувајќи им на тимовите да евалуираат различни сценарија во зависност од новите сетови што ги зачувале до овој момент."
"И на саботниот тренинг и на квалификациите, како што веќе беше случај на петочните две сесии, некои тимови следеа различен пристап од останатите со користење на дополнителен сет жолти гуми."
"Гумите со жолти ленти сè уште веројатно ќе бидат претпочитаната смеша за стартот. Оние што ќе се одлучат за стратегија со еден пит-стоп потоа би можеле да ја завршат трката на белите, со прозорец за запирање во боксот помеѓу 26-тиот и 32-риот круг."
"Во случај на стратегија со две запирања, со оглед на тоа што само два тима сè уште имаат два нови сета Ц4 на располагање, поверојатно е дека последните стинтови ќе се возат на белите гуми, со прозорци за запирање во боксот помеѓу 16-тиот и 22-риот круг и 40-тиот и 46-тиот круг за вториот."
"Сообраќајот и тешкото престигнување остануваат клучни фактори и би можеле да ги охрабрат тимовите да претпочитаат пристап со еден пит-стоп."
"Употребата на црвените гуми исто така не може да се исклучи, бидејќи покажа добри нивоа на грип и доволна издржливост. Околу десет секунди побавни од двете главни стратегии се комбинациите црвени-бели-жолти и жолти-бели-црвени."
"Возачите кои можат да изградат разлика во однос на своите ривали можеби ќе можат да направат дополнителeн пит-стоп без ризик од губење на позицијата, додека други би можеле да го искористат "undercut" во своја корист."
"Затоа, ситуацијата останува отворена и не би било изненадувачки да се видат различни стратегии дури и помеѓу возачите од истиот тим."
Овогодинешната сезона е сè уште далеку од завршена, но битката за победа ќе биде тесна и изедначена, никој не може однапред да ви каже кој ќе победи на Хунгароринг во 2026 година.
Унгарската трка секогаш се поврзува со летен одмор, со што се заокружува првиот дел од сезоната. Оваа година, по откажувањето на две трки од Блискиот Исток, тоа ќе биде само единаесеттата трка.
Неколку дена по финишот ќе бидат потрошени за тестирање на гумите на Пирели и враќање во базите, по што сите ќе одат на задолжителен одмор.
Базите на тимовите ќе бидат затворени две недели. Сите се расположени за одмор, по почетокот на сезоната на 20 февруари, но каде ќе заврши сè уште не е познато.
Хунгароринг беше сув во петок и сабота, а денес е во сила жолто предупредување за можни грмотевици. Прогнозата не предвидува врнежи, но ќе има ветер од југо-западен правец до 20км/ч, налети до 41км/ч.
Во 15 часот, кога возачите ќе го започнат формацискиот круг, температурата на воздухот ќе достигне до 31 степен со минимална облачност.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА УНГАРСКОТО ГРАН ПРИ
7/26/2026 11:03:00 AM
0
Share to other apps










